Малите гестови на наставниците остануваат во сеќавањето на учениците. И кога по многу години ќе се навратат на годините поминати во училишните клупи, ќе останат токму убавите моменти.

Убав пример е гестот на наставничката по математика Лена Стојановска од ООУ „Коле Неделковски“ од Скопје, која денес на своите ученици полуматуранти им дала малку поинакво наставно ливче. Низ три задачи таа им посакува на полуматурантите да продолжат да летаат во иднината и да најдат решение за секој предизвик што се содржи во една голема збирка од животни задачи.

Среќни мајки го споделија наставното ливче со нас, истакнувајќи дека станува збор за наставничка за пример.



912

X