Воспитување

Знаете ли за што зборуваат децата кога ќе се вратат во клупите по празниците?

Се ближи Нова година, а родителите наскоро ќе почнат безглаво да трчаат низ продавниците за идеален подарок за своите малечки. Мора ли да биде така? На интернет веќе некое време кружи писмо на една учителка која им испраќа порака на родителите – поентата на празниците не е во тоа што се наоѓа под елката, туку во она што се наоѓа околу неа.

„Драги родители,

Знам дека во овој период од годината чувствувате притисок да создадете совршен и магичен Божиќ. Знам дека сакате вашите деца да ја почувствуваат магијата на Дедо Мраз и тој да ги донесе најдобрите подароци. Тоа понекогаш значи стрес за вас, затоа и го пишувам ова. Да ви откријам една тајна. Пишувам за да ви кажам дека вашето дете ми зборува за божиќните празници секој јануари кога ќе се врати назад на училиште. Децата ми зборуваат за деновите кога сите заедно сте биле дома и сте гледале телевизија. Ми зборуваат за прошетката по најголем студ за да дојдат до „Мекдоналдс“. Ми зборуваат дека биле кај бабите и дедовците и биле возбудени кога сте доаѓале по нив по работа. Ми зборуваат како сте им дозволиле да легнат со вас в кревет. Ми зборуваат за тоа како сте играле карти, сте оделе на базен и сте го заборавиле нивниот пешкир.

Ми зборуваат за тоа кога за прослава на Нова година сте оделе кај пријателите и сте ги оставиле да бидат будни до полноќ. Ми зборуваат како сте сакале да седите во пижами цел ден, а другиот ден сте отишле на излет.

Споменуваат и подароци, но за нив Божиќ како празник ве претставува вас, вашата љубов, вашето време, рутини и сигурност. Вие сте нивната најдрага работа!“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top