Воспитување

Знаете ли кое годишно време е најпопуларно за раѓање дете?

Кога се обидувавте да забремените, дали се трудевте да ја темпирате бременоста за бебето да се роди во пролет или лето? Научниците веруваат дека мајките се обидуваат намерно да се породат во овие сезони за да го одржат здравјето на своето новороденче на највисоко ниво. Една статија објавена од научници од Универзитетот во Чиле и Велика Британија, презентирана на конференција во ОК, покажа дека има повеќе породувања на јужната хемисфера од декември до март, а помалку од мај до август. На северната хемисфера се раѓаат помалку деца од ноември до март, а многу повеќе се раѓаат од јуни до септември.

– Првпат нашите научници докажаа дека раѓањето дете во одредени сезони е всушност планирана одлука: мајките имаат јасна желба и целат кон добра сезона за породување во пролет или лето – и често успеваат да го сторат тоа – објаснил коавторот на студијата, д-р Климент Кинтана-Домек од Универзитетот „Оксфорд“.

Истражувачите велат дека младите жени „многу јасно“ реагираат на лошите временски услови, а во земји како Соединетите Држави, каде што зимите се многу екстремни, мајките имале речиси 8 проценти поголема веројатност да се породат во лето. Иако се работи за жени кои првпат се мајки, а имаат над 40 години, веројатноста за породување е иста без разлика на сезоната. Тие, исто така, откриле дека работата на жената влијае врз планирањето на бременоста, па жените што работат во училиште се насочени кон породување напролет или налето бидејќи имаат подолги одмори и работат помалку во споредба со есен или зима.

Истражувањата покажале и дека децата родени во есен или зима имаат поголема веројатност да развијат алергии на храна, но научниците допрва треба да објаснат зошто, а астмата е почеста кај децата родени наесен.

Извор

Поврзани написи

To top