Најчесто родителите не се свесни дека нивното дете трпи насилство во домот бидејќи децата ретко зборуваат отворено за трауматични искуства. Сепак, постои еден знак што може јасно да покаже дека нешто не е во ред, а тоа е кога детето не сака да си оди дома.
Иако овој сигнал може да биде суптилен, доколку детето почне да го одложува враќањето дома, почесто се задржува на училиште или кај пријатели, тоа може да значи дека се чувствува несигурно или има страв од она што го чека во семејството.

Родителите често веруваат дека причината е обична рутина или желба за независност, но експертите предупредуваат дека ваквото однесување може да биде индикатор за тоа дека детето доживува емоционална или физичка траума. Можеби и вие премногу време поминувате на работа, а притоа не сте свесни со кого вашето дете го минува денот додека сте отсутни, ниту какво влијание тоа има врз неговиот емоционален и психички развој.
Психологот д-р Лора Грин објаснува дека децата што избегнуваат да бидат дома често го прават тоа поради страв.
– Ако забележите дека детето избегнува да се врати дома по училиште, останува кај пријатели подолго од вообичаено или се повлекува од семејните активности, тоа може да биде знак дека се соочува со семејно насилство – вели таа.
Реагирајте навреме
Експертите советуваат да не се игнорираат овие знаци и да се побара професионална помош со цел да се обезбеди безбедна и поддржувачка средина за детето.