Здравје

Знаци што покажуваат дека детето не јаде доволно. Кога да побарате помош?

Грижата за исхраната на детето е нормален дел од родителството, особено ако имате впечаток дека често одбива храна. Експертите велат дека не постои причина за паника ако детето расте и се развива нормално.

Знаци дека детето не јаде доволно

Побавен раст – Ако детето не напредува на табелата за раст, тоа може да укажува на проблем. Редовните контроли кај педијатар се важни.

Постојан замор – Недостиг на енергија може да е последица на премал внес на калории.

Чести болести – Недоволната исхрана може да го намали имунитетот на детето.

Раздразливост – Гладното дете може да биде нервозно и лесно да се фрустрира.

Губење на тежината – Забележливо губење килограми е причина за консултација со лекар.

Губење интерес за храна – Редовното одбивање оброци бара испитување на причината.

Слаба концентрација – Недоволната исхрана може да го отежни фокусот при извршувањето на задачите.

Зошто децата понекогаш не јадат доволно?

Апетитот понекогаш се намалува поради болка во забите, проблеми со варењето, чувствителност на текстурата на храната или стрес. Ако детето чувствува болка или непријатност при јадење, важно е да се најде причина и да се побара помош од експерт.

Како да го мотивирате детето да јаде?

Создајте позитивен однос кон храната. Вклучете ги децата во подготовката на оброците, дозволете им избор меѓу здрави намирници и поттикнувајте истражување преку игра, без притисок.

Што треба да избегнувате?

Не терајте го детето да изеде сѐ, тоа може да го наруши природното чувство за глад и ситост. Не користете благо како награда и избегнувајте да трчате по детето со храна.

Кога да побарате помош?

Ако детето значително заостанува во растот, има ограничен избор на храна или проблеми со варењето, консултирајте се со педијатар или нутриционист. Клучно е да се одржи позитивен однос кон храната и да се избегнува притисок за време на оброците.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top