Игротека

Знаци дека твојата мајка те разбира подобро од кој било

Како што растеме и созреваме, нашите мајки сè повеќе стануваат наши пријателки – нешто што не било можно додека сме биле деца. Но, едно нешто не се менува: ако мајката навистина нè разбира, тоа ќе го чувствуваме секогаш.

Мајката е една и единствена. Кон неа секогаш трчаме, неа секогаш ја бараме, на нејзино рамо плачеме и со неа се смееме. Нормално е односот меѓу мајката и детето да се менува со текот на годините. Тој не е ист кога детето ќе порасне, но некои нешта секогаш остануваат исти.

Ако мајката те разбира, тоа го прави без разлика на годините. Со текот на времето, таа сè повеќе станува пријателка, а не само авторитет.

Некои мајки и деца се разбираат подобро, некои помалку, но врската секогаш постои.

Ова се четири знаци дека мајка ти те разбира подобро од сите други:

Таа е личноста на која секогаш можеш да ѝ се обратиш – Од мајката те дели само еден телефонски повик. Таа секогаш го има најдобриот совет и секогаш ја кажува вистината што треба да ја чуеш. Таа е таму кога си осамен, кога сакаш да разговараш, твоето сидро што секогаш те приземјува. Со мајката сè изгледа полесно и подобро.

Подготвен си да ги откажеш другите планови само за да поминеш време со неа – Таа те познава, а и ти ја познаваш неа. Без оглед на сите недоразбирања, блискоста останува, дури и ако сте на километри далеку. Сакаш да поминуваш време со неа, ја цениш и не ти е тешко да откажеш дружење само затоа што ѝ требаш.

Потребно ти е нејзиното мислење за сè – Желбата за мајчинско одобрување и поддршка никогаш не исчезнува. Без разлика дали станува збор за облека, работа или пријателство, мајката секогаш е искрена, и кога зборовите ѝ се нежни, и кога болат, но секогаш вистинити.

Се грижите едни за други – Дури и кога не го признаваш тоа, постојано мислиш на својата мајка, на нејзиното здравје, финансии, среќа. Секогаш ѝ се јавуваш кога ќе пристигнеш некаде, а и таа ти се јавува кога излегува. Врската на грижата меѓу мајка и дете никогаш не прекинува.

Извор

Поврзани написи

To top