Воспитување

Знаци дека сте родител кој никој не може да го поднесе – според експерт за бонтон

Дали мислите дека сте совршен родител затоа што постојано се фалите со тоа како вашето дете научило да чита рано и има беспрекорна рутина пред спиење? Иако можеби изгледа дека со леснотија се справувате со сите предизвици на родителството, според експертот за бонтон Лаура Виндзор, ризикувате да станете токму личноста што никој не сака да ја сретне на училишната порта – омразениот родител.

Лесно е да паднете во стапицата и да се фалите со секое достигнување на вашето дете, да му се препуштите на секој негов каприц и да му дозволите да прави бучава јавно, но тоа веројатно само ќе предизвика неодобрување од другите. Откријте ги знаците што ќе ви помогнат да ги идентификувате најиритантните родители.

  1. Одбивате да му кажете „не“ на вашето дете и наместо тоа користите фрази од типот „мора да бидеме нежни“ кога детето ги удира другите деца.
  2. Го учите на удар да возвраќа со удар, охрабрувајќи ја филозофијата „око за око“ наместо самоконтрола.
  3. Им дозволувате на своите деца неконтролирано да трчаат наоколу во ресторани, кафулиња и други јавни места.
  4. Им дозволувате да гледаат содржина на таблет со зголемена јачина на звук на јавно место, без слушалки.
  5. Вашиот „семеен излет“ се сведува на седење во кафуле, а секој член на семејството гледа во својот екран – таблет, компјутер или телефон.
  6. Ги толерирате како го шутираат седиштето пред нив за време на летовите со авион.
  7. Се фалите пред другите родители колку добро спие вашето дете, а потоа детално им ја опишувате вашата беспрекорна рутина за спиење.
  8. Постојано објавувате фотографии од вашето дете на социјалните мрежи, но го покривате неговото лице со емотикони.
  9. Практикувате каква било форма на „хеликоптер родителство“, односно постојано следење и прекумерно мешање во животот на вашето дете.
  10. Ја изразувате возраста на вашето дете во месеци иако има повеќе од една година.
  11. Му дозволувате на вашето дете да отвори и да почне да јаде грицки или слатки во продавницата пред да платите за нив на касата.
  12. Во разговорите со возрасни го третирате мислењето на вашето дете како рамноправно и еднакво важно.
  13. Дозволувате да ве прекинат во разговорот и не ги учите децата дека треба да чекаат на ред.
  14. Им забранувате да јадат иста храна како и другите деца на детските забави (освен ако не станува збор за вистинска алергија).
  15. Ги облекувате вашите момчиња во чорапи до колена, шорцови и старомодни џемпери, како да сте членови на кралско семејство.
  16. Му зборувате на детето кое е премногу мало за да разбере или да одговори со многу гласен, речиси театрален тон.
  17. Му давате на вашето дете долги, детални упатства со гласен тон за тоа како да направи нешто, дури и кога е доволно возрасно за да разбере самостојно.
  18. Поставувате прашања во родителска вибер-група наместо едноставно да ја прочитате е-поштата испратена од училиштето.
  19. Ги правите уметничките проекти или домашните задачи на вашето дете.
  20. Му купувате на вашето дете паметен телефон во нижите одделенија од основно училиште само затоа што „сакало“.
  21. Дозволувате вашите деца да го користат јавниот превоз како игралиште.
  22. Дозволувате да ги ставаат чевлите на седиштата во јавниот превоз, а уште полошо, во домовите на вашите пријатели.
  23. Им давате несоодветна моќ за донесување одлуки – не е до детето да одлучи кога е време да си оди дома.
  24. Постојано се фалите со достигнувањата на вашето дете. Верувајте, на другите родители не им е гајле колку години имало вашето дете кога научило да чита.
  25. Зборувате за несоодветни теми пред вашите деца и им дозволувате да ги повторуваат вашите политички ставови пред другите.
  26. Пцуете пред нив.
  27. Ги носите на свадби на кои не биле поканети, оправдувајќи се со тоа дека се „толку добро воспитани“, дури и ако забавата е специјално само за возрасни.
  28. Праќате болно дете да преспие кај пријател.
  29. Се однесувате како „мајка тигрица“ – го преоптоварувате распоредот на вашето дете со активности за да им покажете на сите колку е зафатено и успешно.
  30. Му дозволувате на вашето дете да си ги дупне ушите на многу мала возраст, по што сите во класот сакаат да го прават истото.
  31. Му дозволувате да зграпчува храна од заеднички чинии со грицки со своите валкани раце, коментирајќи дека тоа е „добро за зајакнување на имунитетот“.
  32. Премногу сте натпреварувачки настроени на училишните приредби и спортски натпревари, гласно довикувајќи му инструкции на вашето дете од трибините.

Извор

Поврзани написи

To top