Воспитување

Знаци дека на вашето дете му е потребна поголема поврзаност со вас

Во последно време многу се зборува за афективната врска помеѓу родителите и децата.

Афективната приврзаност е длабока и трајна емоционална врска што поврзува една личност со друга, низ времето и просторот. Терминот првпат го дефинирал британскиот психолог Џон Боулби. Откако работел со семејства 30 години, тој заклучил дека односот на една личност со нејзините родители во детството има сеопфатно влијание врз социјалните, интимните, па дури и професионалните односи на таа личност во иднина.

Според него, тоа е биолошки процес бидејќи децата се раѓаат со „ген на приврзаност“ што ги наведува да бараат контакт со лицето кое најмногу се грижи за нив. Истиот „ген на приврзаност“ со кој се раѓаат децата е присутен и кај родителите, и тоа е она што ги „тера“ да го штитат и да се грижат за детето.

Бидејќи во повеќето случаи мајката е таа што поминува најмногу време со бебето, афективната приврзаност започнува со нејзиниот однос со малото. Врз основа на овој однос се развиваат видовите афективна приврзаност што нè придружуваат во текот на целиот живот.

Кога на детето му е потребна посилна врска со нас, тоа може да ја покаже на различни начини, кои многумина ги толкуваат како разгаленост. На пример:

– Често ве прекинуваат додека разговарате со некој друг.

– Постојано ве замолуваат да ги гледате додека прават нешто, имаат постојана потреба да ви покажат нешто.

– Тешко се одвојуваат од вас.

– Прават она што ние, родителите, често го нарекуваме малтретирање – премногу бараат, додеваат…

– Поемотивни се отколку што е вообичаено.

– Би сакале цело време да бидат гушкани.

– Сакаат да бидат дел од сè што правите.

Значи, кога детето се чувствува „отсечено“, неговите начини на барање внимание од родителите можат да бидат необични. Станува поемотивно, реагира побурно, дури може да биде и луто. Ова се начините на кои ни кажува дека му требаме.

За да ја зајакнете таа врска, фокусирајте се на малите моменти. Еве неколку идеи:

– На крајот од денот, одвојте 10 минути за да разговарате за тоа како ви поминал денот и како се чувствувало вашето дете.

– Утринска рутина: смислете утринска рутина што е само ваша – посебна прегратка како поздрав, белешка на перницата или нешто друго.

– Попладневна рутина: прочитајте приказна или гответе вечера заедно.

– Комплименти : пофалете нешто што го направило добро тој ден. Секоја ситница е важна!

Ако малку размислите за тоа, сите активности наведени погоре нема да ви одземат повеќе од 20 минути на ден. И тие речиси сигурно ќе ја зајакнат вашата врска со вашето дете и ќе помогнат во градењето доверба.

Извор

Поврзани написи

To top