Воспитување

Знаат сѐ за „Задруга“, а не знаат ништо за интересите на своите деца

Никогаш не ги прашувам родителите што ги среќавам секој ден во моето училиште што работат или со што се занимаваат. Одамна научив дека и најобразованите можат да бидат несмасни во родителството и обратно, тие што едвај имаат образование можат да бидат одлични. Нема правила. Меѓутоа, пред неколку години една мајка толку многу инсистираше на тоа колку е зафатена, сакана, важна… а и затоа што веднаш штом влезе значајно ме погледна, веројатно очекувајќи да ја препознам, на крајот ја прашав:

Добро, со што се занимавате вие?

Учесник сум во „Парови“ (го нагласи и бројот на сезоната).

Таа беше разочарана бидејќи целиот мој ентузијазам исчезна. Денес, години подоцна, признавам, моето познавање на реалните шоуа не е ништо подобро од порано. Неодамна, друга мајка на моите прашања што сака и кои се интересите на нејзината ќерка, зборуваше за сопствените интереси. Спомена некои имиња Далила, Цар, Миљана, Тара… Ја прашав:

Кои се тие луѓе?

Се насмевна супериорно, но јас немам силна суета, па не ми пречеше.

Јелена, како не го знаете тоа, па тоа се оние луѓе од „Задруга“.

Знам дека децата не ја следат „Задруга“, но сепак прашувам:

А кој гледа тоа, вие или ќерка ви?

Јас, но претпоставувам дека е слично и со неа…

Не, навистина не е така. Поради тоа што работа со тинејџери, знам за разни игри, предизвици на „Тик-ток“, а корејската поп-музика станува сѐ попопуларна меѓу нашите деца и сѐ друго што мене лично воопшто не ме интересира, но поради нив сакам и сум во тек. Сепак, не напредувам во моето познавање на домашните реални програми. Меѓутоа, доколку децата ги следеа тие програми, јас би се потрудила да го знам и тоа.

И така, оваа мајка не знае ништо за интересите на нејзината ќерка, но знае домашни реални шоуа, додека јас ја познавам корејската поп-музика подобро од имињата од „Задруга“. Разбирам дека е сосема релативно, неважно и тешко да се споредува чие знаење или незнаење е поголемо. Но, јас сум целосно и апсолутно сигурна дека децата би сакале да најдат соговорници за нивните интереси во нивните родители, а не во мене… Размислете за тоа.

Автор: Јелена Холцер

Извор

Поврзани написи

To top