Воспитување

Зимското сметање на времето не значи повеќе сон за родителите

Многу луѓе весело го дочекуваат крајот на летното сметање на времето бидејќи тоа значи дополнителен час спиење. Но, за родители, промената на сметањето на времето не значи ништо бидејќи децата секако ќе се разбудат во времето во кое се навикнати.

– Оваа промена е всушност многу тешка – наведува Кристофер Винтер, експерт за спиење и автор на книгата „Решение за спиење: зошто спиењето е нарушено и како да го поправите тоа“, во овој временски период ќе се будиме во мрак, деновите ќе бидат пократки, а нема да има ниту весела сончева светлина.

За родителите и двете временски промени се тешки бидејќи децата имаат свој биоритам и поместувањето на часовникот напред или назад ништо не значи за нив. Но, има интересен Марфиев закон за она што обично се случува кога започнува зимското сметање на времето во семејства со мали деца:

– Ќе заборавите на промената на времето и 20 минути пред спиење ќе кренете паника и ќе се налутите на оние што ја почнале наведената промена многу одамна.
– Ќе го земете мобилниот и ќе „гуглате“ за зимско сметање на времето за да бидете сигурни дали навистина се случува тој ден.
– Потоа на својот сопруг, со малку надеж, ќе му кажете „Можеби сепак ќе успееме малку повеќе да се наспиеме“.
– Децата ќе ве разбудат во 4 часот наутро.
– Ќе бидете лути на сите пријатели што немаат дете и спијат.
– Ќе се обидете да го поткупите своето дете за да поспие уште малку.
– За време на ручекот, ќе се чувствувате како да сте будни веќе 3 години, а кога ќе погледнете на часовникот, ќе биде речиси 14 часот и остатокот пред денот ќе биде пред вас.

Еден од советите како да му помогнете на детето полесно да заспие е да ја затемните собата или да ја оставите замрачена подолго од вообичаено, а внимавајте и на температурата. Ако просторијата во која се спие е малку постудена, полесно ќе биде да заспие отколку во премногу топла просторија. Исто така, ако мислите дека тоа нема да успее, еден ден порано обидете се да го „изморите“ детето, така што ќе го прескокне неговото нормално попладневно спиење и дополнително ќе го изморите со одредени активности, без разлика дали е тоа одење во продавница или парк.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top