Кога луѓето размислуваат за минимализам, мислам дека повеќето од нив имаат слика од стан со еден кауч во дневната соба, бели ѕидови, без телевизор, играчки и растенија во кујната. Тоа воопшто нема поента. Пред 3 години прифаќањето на минимализмот ми го промени животот и го преобрази моето мајчинство од лутина и фрустрираност во среќен и лесен живот без стрес. Се заљубив во малку и никогаш веќе не се свртив назад. Мојот брак драстично се подобри, моите деца станаа помалку загрижени бидејќи никогаш не викав, веќе нема неред, а се затеков како седам на подот со своите синови и си играм со вовчиња, гледам стар филм со Џејмс Бонд со својот сопруг, готвам многу повеќе од порано и се шетам со својата ќерка. Одеднаш бев помалку зафатена и општо подобар човек. Сè само поради тоа што се ослободив од работите што не ми требаа.
Зошто на мајките им е потребен минимализмот?
Помалку чистење
Два дена во неделата ги завршувам домашните работи: перење облека, чистење на тоалетот, чистење со правосмукалка и бришење прашина. Тоа е тоа. Ова е мојот реален живот. Секој ден мијам садови, ги местам креветите, купувам облека и играчки, но тоа е тоа. Не се сеќавам дека мојата мајка некогаш играла со мене, а беше совршена мајка. Но, таа мораше да пере облека, да ја чисти куќата и да оди да ги купува потребните намирници. Не мислам дека чистењето и фрустрацијата се добар начин да се поминат тие скапоцени и кратки години од нивното детство. Минимализмот ми даде излез од тоа.
Секогаш подготвена за гости
Мојата куќа може да биде најлоша, но јас пак би се чувствувала добро ако некој намине на гости. Зошто? Затоа што едноставно во нашиот дом нема многу работи кои би можеле да направат неред. Тоа е толку прекрасно ослободувачки.
Повеќе време
Навистина го живееме животот како сакаме, времето е во наши раце и одлучив со отстранување на вишокот да создадам повеќе време за себе. Денес имам многу повеќе слободно време од претходно. Оттогаш имам 2 деца и работам од дома, па реално би требало да имам помалку време. Минимализам, повторно победуваш.
Уживам во мојот дом
Не сакам да готвам, но сакам да бидам во мојата кујна. Сакам да пуштам музика и да подготвам вкусно, едноставно јадење за своето семејство. Не сакам да перам алишта, но сакам да седам во дневната соба додека моите деца си играат, а јас ги редам алиштата. Минимализмот ми дозволи навистина да го сакам својот дом и да уживам поминувајќи време во него без да трошам часови и денови во совршено чистење.

Подобар брачен живот
Можеби не ја гледате врската помеѓу минимализмот и бракот, ни јас не ја гледав, но тука е и навистина е силна. Откако станав минималист, мојот ум е така уреден и јасен, што тоа ме направи посреќна личност и подостапна сопруга. Мојот сопруг не може да верува колку повеќе се смеам, колку сум подобра воопшто, колку подобро го слушам и поминувам квалитетно време со него. Нашата врска е посилна и подобрена откако се ослободивме од непотребните работи.
Можам да играм со децата
Веќе доволно нагласив колку е појасен мојот ум и колку сум посреќна, послободна личност. Поради минимализмот, јас сум слободна мајка која си игра со своите деца наместо да вели „оди да играш“. Поминувам многу време во дворот и играме фудбал, играм на Тејлор Свифт во дневната соба и си играм со еднорози. Ја водам работата од дома и тоа не влијае врз квалитетот на моето мајчинство бидејќи не трошам премногу на подготовка на работите.
Јас сум посреќна личност
Има многу повеќе радост во мојот живот. Всушност, не знам што друго би можела да кажам за тоа освен дека животот е едноставен, сладок и добар, дури и кога поминуваме низ нешто тешко. Затоа што е насочен кон она што е најважно.
Автор: Ели Касаза