Воспитување

Животни вештини што вашето дете мора да ги научи

Веројатно најлошиот страв на секој родител е дека неговото дете може да биде киднапирано или малтретирано. Тоа е дел од нашите кошмари. Многу филмови праќаат такви ужасни пораки што се провлекуваат низ нас, па ненамерно ги учиме нашите деца токму на она што веројатно ќе ги направи жртва – самиот страв.

Педофилите се предатори, а предаторите ја бараат најслабата алка. Нивните очи се насочени кон плашливото дете, она што е исплашено, нервозно и претпазливо, детето кое се однесува како плен.

Тие не сакаат да се мешаат со дете кое ќе го изрази своето мислење. Тие не сакаат да мачат дете со кое не може да се манипулира. И тие дефинитивно нема да се обидат да се спротивстават на борец. Кога ги учиме децата на можностите од опасности, ги учиме да се однесуваат како жртви. Треба да ги поттикнеме нашите деца на совладување животни вештини кои не се привлечни за предаторите.

Еве шест животни вештини што им се и тоа како потребни на децата.

Како да имаат самодоверба

Како вашето дете се чувствува за себе? Ние ја поттикнуваме нивната самодоверба така што ќе им дозволиме да ги завршуваат обврските за себе, ќе им дадеме независност, ќе ги опишуваме нивните достигнувања без да ги фалиме, ќе ги признаеме нивните борби без да правиме работи за нив и ќе им дозволиме да прават избор.

Погрижете се вашето дете да ја добие својата дневна доза на љубов и внимание – прегратки, бакнежи, убави зборови и време поминато заедно. Детето чии потреби не се задоволуваат е многу поранливо.

Како да имаат интегритет за телото

Децата треба да знаат дека нивното тело е нивно и никој не може да направи ништо без нивна согласност. Како родители понекогаш треба да се повлечеме и да видиме колку често им ја даваме спротивната порака – инсистирајќи да ги измиеме, да им ја исчешламе косата, сосила да ги облекуваме и да инсистираме да ги гушкаат или бакнуваат роднините. Мораме да почнеме да го почитуваме правото на нашето дете да ги одбие овие работи. Телесниот интегритет треба да започне дома и ако не го почитуваме ова, веќе ги подготвуваме за други луѓе кои не ги почитуваат нивните тела.

Како да им веруваат на своите инстинкти

Нашите мозоци добиваат многу повеќе информации на несвесно ниво отколку што мислиме. Сите сме имале такви моменти кога чувствуваме дека нешто не е во ред и резултирало дека е така. Не можеме да објасниме како сме знаеле, едноставно сме знаеле. Тоа е моќта да се одговори на суптилните знаци од несвесниот ум.

Треба да ги научиме нашите деца да се приспособат на оваа мудрост и да ѝ веруваат. Ова го правиме така што ги слушаме кога велат дека не сакаат да направат нешто, ги почитуваме кога не сакаат да бидат во близина на одредена личност или дури им дозволуваме избор во тоа што ќе јадат.

Како да го изразат своето мислење

Децата треба да знаат дека „не“ значи „не“ и единствениот начин да го научат ова е ако им дозволиме да го кажат тоа и да ги почитуваме кога го прават тоа. Ако го замолите вашето дете да ги сподели своите играчки или да вечера и тоа каже „не“, тогаш тоа значи „не“.

Децата треба да знаат дека нивниот глас е исто толку важен и релевантен и почитуван како гласот на возрасен. Тие го учат ова со тоа што им се даваат можности да разговараат, вклучени се во семејните одлуки и навистина се слушаат кога имаат проблем или сакаат да споделат нешто. Многу е голем предизвик да се воспитува дете со силна волја, но таа особина која толку многу не ни се допаѓа е може да им ги спаси животите еден ден.

Како да знаат што да прават во итен случај

Наместо да ги поучувате за опасности, фокусирајте се на стратегиите за тоа што да прават во одредени ситуации. На пример, што да прават ако се изгубат во трговскиот центар? Мојата стратегија со моите деца е дека треба да најдат жена со бебе или дете и да побараат помош.

Што да прават ако некој што не го познаваат ги замоли да дојдат да ги видат неговите нови кученца? Прво, проверете со мајка ви и татко ви дали е во ред да продолжите.

Што да правите ако некој го допре вашето тело без ваша дозвола?

Кажете му на возрасен, врескајте за помош итн.

Најдобар начин да ги научите децата на овие вештини е да играте игри со улоги или дури и да користите кукли или играчки за да одглумите различни сценарија. Дозволете им на вашите деца да смислат идеи за тоа што би направиле и потоа разговарајте за тоа. Исто така, мораме да внимаваме во секојдневниот живот со нашите деца да не оставиме впечаток дека врескањето и правењето сцена никогаш не се соодветни. Понекогаш тие се од суштинско значење и децата треба да знаат дека можат да го пробаат ова.

Како да се бранат

Искрено верувам дека секое дете треба да има совладано некои борачки вештини или тренинг за самоодбрана во својот живот. Тоа им дава дополнителна предност на децата да имаат елемент на изненадување во опасна ситуација.

Се надеваме дека вашите деца никогаш нема да имаат потреба да ги користат овие вештини, но ако некогаш се најдат во ситуација, тогаш подобро е да ги поседуваат.

И тогаш, се разбира, треба да ги смириме сопствените стравови за нашите деца да не ја подигнат нашата нервоза и верувањето дека светот во суштина е лошо место. Се разбира, како родители треба да бидеме будни за потенцијалните опасности, но исто така треба да бидеме реални за нашите стравови и да бидеме практични во нашиот пристап.

Ако имате траума од вашето детство која не е решена, побарајте помош.

Стравот од непознати не е она што ќе им помогне на нашите деца да останат безбедни, туку знаењето, довербата и самопочитта.

Автор: Миа Вон Ша

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top