Врската со тетките е посебна. Мајката е мајка, а тетката е тетка – кул личност која на своите внуки и внуци им раскажува за непријатните моменти од животот на нивните родители, им купува сладолед зад грбот на мама, им ги дава најубавите подароци, ги носи на најдобрите патувања…
Исто така, тетката е важен наставник во животот на секое девојче. Тетката ги учи своите внуки:
1. Да не ги сфаќаат сите работи премногу сериозно
Животот ни поставува разни предизвици, а тетката е таа која го учи детето дека не мора сè да сфаќа премногу сериозно, дека има поширока слика за она што е навистина најважно и дека својата енергија треба да ја насочува кон сè позитивно што го опкружува.
2. Да ги ценат малите нешта
Понекогаш толку многу се фокусираме на некои работи, што ги пропуштаме прекрасните ситници што се случуваат околу нас. Тетките се оние што знаат да покажат како да уживате во секоја среќа, па макар и најмалата. Тие нè учат да не ги земаме работите здраво за готово и да бидеме благодарни за сè што е добро во нашите животи.

3. Да се забавуваат кога ќе можат
Животот е стресен и може да биде многу напорен на моменти. Тетките се оние што знаат да донесат забава и смеа дури и во најтешките и најстресните денови и нè потсетуваат колку е важно да не заборавиме да се забавуваме.
4. Да бидат скромни
Тетките се таму кога треба да се потсетиме колку е важно да се стои цврсто на земја со нозете и да се има отворено срце и отворен ум во секое време.
5. Секој ден е важен и значаен
Тетката е таа што нè учи дека секој ден е важен и дека секој ден треба да се цени и користи затоа што никогаш не знаеме што ќе ни донесе животот утре.