Кога ќе станете родител, од вас се очекува да бидете личноста која го учи вашето бебе. Но, ако обрнете внимание, ќе сфатите дека новороденчињата ги учат своите родители на многу важни лекции секој ден.
Верувајте им на вашите инстинкти
Можеби често гледате во прирачници, на „Гугл“ и ги испрашувате вашиот лекар, пријателите и семејството, но ќе дојде момент кога ќе престанете да го правите тоа и ќе ја слушате вашата мајчинска интуиција. Затоа што, токму кога ќе почнете да мислите дека не разбирате што му треба на вашето бебе – ќе почнете да го дешифрирате неговиот плач и одеднаш ќе знаете што точно треба да направите. Можете да го направите тоа! Само продолжете да им верувате на вашите инстинкти. Вашето бебе е дел од вас и ќе ви покаже што му треба.
Ослободете се од очекувањата
Можеби сте планирале да имате сосема природно породување, но работите не се одвивале како што сте планирале. Првите денови од мајчинството се создадени само за вашето бебе и она што му треба. Во моментов ве учи да престанете да се обидувате да бидете совршени и едноставно да бидете свои. Вашето бебе сака да ги намалите вашите очекувања, вие сте сè што тоа сака и му треба.
Подготвеност
Сè што е потребно е вашето бебе да ја има првата експлозија во пелените за да сфатите дека секогаш треба да бидете подготвени со марамчиња, пелени и резервен комплет облека.
Значењето на животот
Во моментот кога ќе станете мајка, нешто духовно се случува и се чувствувате разбудени. Одеднаш сфаќате дека ова мало човече кое го сакате и одгледувате е смислата на вашиот живот. Иако сè што сте направиле е вредно и важно, ништо никогаш нема да може да се спореди со вашето дете.
Во ред е да плачете
Најдобриот начин на кој бебето знае да комуницира е преку плачење. Вашето бебе не сака да се нервирате кога е несреќно, затоа обидете се да го „прочитате“ неговиот плач. Вашето бебе постојано ви кажува нешто. Тоа ве учи дека е во ред да плачете. Плачењето е еден вид прочистување и понекогаш треба само да се ослободиме од она што е во нас за да се чувствуваме подобро.

Несебичност
Живеете за вашето новороденче и иако тоа „давање“ е исцрпувачко, исто така е убаво. Бебето ве учи како навистина да бидете несебични. Но, не грижете се – како што расте вашето бебе, така и вие ќе почнете да се сеќавате на вашите желби и потреби, па дури ќе имате поширока перспектива за нив.
Насмевката е најдобар знак за благодарност
Моментот кога вашето бебе се насмевнува првпат – ги заборавате и ги простувате сите непроспиени ноќи, емоционалниот стрес и промените во вашето тело. Тој убав обид за насмевка е начин на бебето да каже „благодарам“ за сè што правите за него, и тоа е сè што ви треба.
Живеете неверојатен живот
Додека ја држите таа мала збрчкана нога во раката и им се восхитувате на тие мали прсти – ве обзема чувство на чудење. Како создадовте нешто толку совршено и убаво? За среќа, најдобриот дел од родителството е чудото што го чувствувате во тој момент, што ве одржува во текот на целиот раст на вашето дете. Секојпат кога вашето малечко ќе открие нешто, ќе сакате да притиснете „пауза“ на животот. И иако денес можете да го документирате и зачувате секое сеќавање, тешко е да се зачува истото чувство, чувството на тој неверојатен момент. Запомнете, вие живеете прекрасен живот поради вашето дете.