Воспитувањето е веројатно најтешкиот дел од родителството не само поради големата одговорност, туку и затоа што резултатите не се видливи веднаш. Па, како да знаеме дали сме успеале да ги пораснеме нашите деца во среќни и успешни личности?
Секако, не е лесно да се воспитува дете, а уште помалку среќно дете. Воспитуваме човек, и не е чудо што оваа задача е толку предизвикувачка. Но, постојат совети кои можат да помогнат.
Експертот за среќа Гретчен Рубин, која е и авторка на книгата „Проектот за среќа, подобро од претходно“, како и водителка на поткастот „Посреќен со Гречен Рубин“, сподели три важни лекции што се клучни во воспитувањето на среќни деца.
Не мора секогаш да ги расположувате вашите деца
– Ми требаше време за да сфатам колку е неефективно кога на ќерките им велев: „Гледај ја позитивната страна!“, „Не е толку лошо!“ или „Не плаши се од пајаци!“ Сакав да ги расположам, но тие се чувствуваа уште полошо – објаснува Рубин.
Наместо тоа, утехата доаѓала кога искрено признавала како се чувствуваат и кога им кажувала реченици како: „Звучи како многу да те вознемири тестот“, „Тој коментар навистина те повредил“ или „Тешко е да се научи таблицата за множење“.
Поуката? Луѓето стануваат посреќни кога ќе им се признае дека во моментот не се среќни.

Покажете ја љубовта преку прифаќање
– Долго време се прашував, ако навистина ги сакам моите деца такви какви што се, зошто постојано ги поттикнувам да се менуваат? – вели таа.
Одговорот е едноставен и моќен: љубовта е и безусловна. Таа те прифаќа онаков каков што си, но истовремено го очекува најдоброто од тебе.
Кога си добар кон себе, стануваш подобар родител
– Сфатив дека кога јас се менував, кога спиев повеќе и бев помалку раздразлива, кога си давав време и не брзав, кога бев среќна, и моите ќерки беа посмирени и посреќни. Не можеме да ги натераме другите да се променат. Но кога ние ќе се смениме, се менуваат и нашите односи, а тогаш и другите може да се променат – заклучува Робин.