Анонимна жена предизвика жестока дебата на родителскиот форум „Мамснет“ откако изјави дека одлуката на жените да родат дете по 60-тата година е себичен потег.
Таа го сподели своето размислување во форма на приказна за Џулија Пејтон-Џонс, поранешна директорка на познатата галерија „Серпентин“, која роди дете на 64-годишна возраст.
– Кога нејзината ќерка ќе има 16 години, таа ќе има 80. Шансите се дека ќе биде мртва кога детето ќе наполни 30 години. Може да умре летото пред да наполни 25 години. Тоа е многу себично – напиша жената на форумот.
Сега Јулија има 68 години, а нејзината ќерка има 4 години.
Повеќето луѓе се согласија со коментарот на жената, наведувајќи дека тоа е себична одлука и за жените и за мажите.
– Само затоа што можеш да родиш не значи дека треба. Во право си – изјави еден интернет-корисник.
– Мислам дека не е фер кон детето поради големиот јаз во генерациите. На детето дефинитивно ќе му биде потешко меѓу врсниците – додаде друг.

Меѓутоа, некои истакнуваат дека е многу повеќе себично да се имаат деца ако родителот е во нестабилна финансиска ситуација.
„Всушност, многу е полошо да се има дете во сиромаштија, без оглед на возраста“, „Некои луѓе избираат да станат родители во многу полоши околности, тоа е неразумно“, велат некои интернет-корисници.
Иако ова е екстремен пример, некои корисници на форумот велат дека луѓето што се одлучуваат за задоцнето родителство често се оние кои навистина го сакаат детето и можат да му обезбедат стабилен и привилегиран живот.
„Повеќе сум загрижен за тинејџерите што раѓаат“, „За родителство по 60-тата година ќе се одлучат само богати луѓе“, „Тоа дете е сакано, негувано и посакувано. Дали беше себична? Можеби. Дали тоа ќе влијае врз детето повеќе од тоа да има лоши родители? Не“, „Не знам, мислам дека едноставно немате доволно енергија на таа возраст, како во 20-тите или 30-тите години“, се некои од коментарите.
Што мислите вие?