Воспитување

Жените што се породиле со царски рез треба да внимаваат на овие работи

Еден од најубавите моменти во животот на секоја жена е кога ќе стане мајка. Поради разни компликации, некои жени не можат да се породат природно, па неопходен е царски рез. Иако во денешно време медицината многу напредуваше и ова веќе не е толку ризична операција, потребно е време за закрепнување и за зараснување на раната.
Закрепнувањето обично трае шест недели и во тој период жената треба да внимава на себе, односно да избегнува некои работи. Така, новите мајки не треба:

Да креваат ништо потешко од бебето, ниту да имаат физички активности
Работите низ дома исто така треба да се избегнуваат што е можно подолг период за раната побрзо да зарасне.

Не се препорачува да возат автомобил
Некои движења може да бидат болни и после неколку месеци од породувањето.

Да не заборават да пијат доволно течности
По царскиот рез многу жени имаат проблем со празнењето на цревата затоа што абдоменот е чувствителен и болен. Затоа е важно да се пие доволно количество вода и да се јаде здрава храна, а потребно е и движење за цревата да бидат активни. И не грижете се, конците нема да испукаат.

Да избегнуваат спиење на стомак
Спиењето на стомак може да го продолжи времето на зараснување на раната со оглед на тоа дека резот е под притисок. Но, секако, најмногу ќе ви одговара да спиете на грб, а на некои жени поудобно им е спиењето на страна.

Да избегнуваат сексуални односи
Сексот во тие шест недели може да биде болен и непријатен, а на раната треба да ѝ се даде време да зарасне.

Да избегнуваат скали барем две недели по царскиот рез
Ако вашата спална соба или собата на бебето е на кат, привремено преместете се на приземјето. Кога ќе почнете да ги користите скалите, одете полека, лесно и внимателно.

Поврзани написи

To top