Игротека

Жените од цел свет дневно трошат милијарда часови на готвење, чистење и грижа за семејството

Бројот на милијардери двојно се зголеми во изминатите десет години благодарение на економскиот систем базиран на нееднаквости што жените ги носат на грб, предупредува „Оксфам“, британско здружение за борба против сиромаштијата.

Богатството на 2.153 светски милијардери ги надминува средствата на 4,6 милијарди луѓе или 60 отсто од светската популација, се вели во извештајот на „Оксфам“.

– Овој длабок јаз се заснова на погрешен и сексистички економски систем – забележуваат авторите на извештајот, истакнувајќи дека 22. најбогати мажи во светот имаат повеќе пари од сите жени во Африка.

Жените и девојките дневно трошат милијарди неплатени часови на готвење, чистење и грижа за семејството, поради што голем дел од нив не можат да се образоваат, ниту да се вработат.

Вредноста на нивната работа е трипати поголема од вредноста на глобалната технолошка индустрија.

Владите со несоодветно оданочување на најбогатите поединци и компании се откажуваат од пари што на жените би можеле да им помогнат да се извлечат од сиромаштијата, предупредува „Оксфам“. Тие предлагаат во наредните 10 години 1 отсто од најбогатите во светот да плаќаат 0,5 отсто повисоки даноци, што ќе овозможи отворање на 117 милиони работни места во секторите како здравство, образование и грижа за стари лица и деца.

Извор

Поврзани написи

To top