Игротека

Жените и понатаму ги извршуваат повеќето обврски во домаќинството

Жените и понатаму ги извршуваат повеќето обврски во домаќинството кога живеат со партнер, открива ново истражување.

Според анализата спроведена од Универзитетскиот колеџ во Лондон, родовите норми остануваат силни кога станува збор за обврските во домаќинството.

Истражувачите ги анализирале податоците од повеќе од 8.500 хетеросексуални двојки. Тие откриле дека жените поминуваат 16 часа во неделата извршувајќи ги обврските во домот, додека мажите само шест.

Кога и двајцата сопружници имале полно работно време, жените имале петпати поголема веројатност да трошат најмалку 20 часа неделно извршувајќи ги обврските низ домот. Двојките што се оценувале во истражувањето биле поделени во осум групи во зависност од нивните професии.

Овие групи опфаќале двојки во кои и двајцата заработувале, двојки во кои мажите биле доминантни заработувачи, а жените го извршувале поголемиот дел од обврските.

– Групата во која жените повеќе заработуваат беше единствената група во која машкиот придонес во домаќинството беше сличен на оној на нивните партнерки и оваа група имаше највисок процент на жени со образовни квалификации повисоки од оние на нивните партнери – пишуваат истражувачите.

Истражувачите заклучиле дека нивното истражување посочува дека родовата еднаквост во поделбите на работата меѓу модерните двојки е ретка, додавајќи дека родовите норми остануваат исти.

– Промената на ставовите околу родовите норми е една можност за поттикнување промени во оваа област – вели професорката Ана Мекум, водечки истражувач.

Истражувањето, спроведено од тим од Лондонската школа за економија, истражуваше како се развиваат машките ставови кон родовите стереотипи кога воспитуваат ќерка. Авторите на истражувањето заклучиле дека мажите стануваат свесни за предизвиците со кои можат да се соочат жените доколку имаат ќерки.

– Тие од прва рака ги доживуваат сите проблеми што постојат во женскиот свет, а потоа во основа ги ублажуваат своите ставови кон родовите норми и поблиску ја гледаат целата слика од женска перспектива – вели д-р Џоан Костаи Фрон, коавтор на истражувањето.

Поврзани написи

To top