Новото истражување спроведено низ САД покажа интересни резултати во однос на вработените жени и нивните ставови за мајчинството.
Според добиените податоци, експертите дошле до заклучок дека младите жени без деца имаат поголем успех во кариерата од нивните машки колеги и поради тоа голем дел од нив се подготвени да ја жртвуваат можноста за формирање семејство.
Во истражувањето спроведено од Федералната резервна банка на Св. Луис, се покажало дека мајчинството и семејството се опции кои повеќето млади жени ги ставаат на последно место, а наместо тоа, првенствено се стремат кон финансиска независност и деловен успех.
Така, сè поголем број жени во САД одлучуваат да го одложат мајчинството и како резултат на тоа постигнуваат значителен напредок во својата професионална кариера. Ова резултирало со повисока просечна плата во споредба со нивните машки колеги, исто така и оние без деца.
Иако овие резултати на почетокот покажуваат позитивен тренд во деловниот свет, барем кога станува збор за висината на платите и успехот на младите жени на водечките позиции, експертите предупредуваат дека реалноста е нешто поинаква. Имено, резултатите покажале дека младите жени сѐ повеќе се одлучуваат да го одложат мајчинството за да успеат во кариерата.
Неодамнешното истражување спроведено од истражувачкиот центар „Пју“ покажа дека дури 44 отсто од возрасните жени во Америка без деца тврдат дека не размислуваат за основање семејство, а некои од нив се сигурни дека воопшто не сакаат семејство, бидејќи тие веруваат дека тоа може негативно да влијае врз нивниот деловен успех и кариера.
912