Кејти Вуд веќе една деценија ги носи своите четири деца на одмор во Олд Сејбрук, но не очекувала дека овогодишното патување ќе ја промени нејзината перспектива за родителството.
„Секоја година ја гледам истата жена како шета горе-долу по плажата. Нејзиното име е Дона и има Алцхајмерова болест. Се запознавме порано, но таа не се сеќава на никој од нас“, се присетила Кејти.
Ги гледала своите деца како играат, кога Дона ѝ пришла и ја прашала дали може да ѝ помогне да влезе во водата.
„Не сакав да се наводенам, но еден глас ми рече да влезам во вода. Зачекоривме во океанот, а Дона почна да зборува за своето детство. Ми откри дека доаѓа на плажа заради мирот што го чувствува. Потоа ја прашав кој совет мисли дека е најдобар за мајките“, раскажала Кејти.
Одговорот на Дона ѝ оставил длабок впечаток.
Таа ги погледнала децата и рекла:
„Најдоброто нешто што можеме да го направиме како мајки е да создаваме спомени“.
Тоа било толку едноставна реченица, а толку моќна. „Јас и мојата сестра некогаш сме премногу оптоварени, а кога ќе чуете вакво нешто од личност која го поминала животот, го ослободувате притисокот од себе и само почнувате да создавате спомени“, додала Кејти.
Некој ги снимал двете жени за време на разговорот, па фотографијата и советот Вуд ги споделила на социјалните мрежи.