Пакувањето на подароците е доста напорно кога имате деца во куќата. За да избегне стрес, Мекелиган, одлучила да резервира хотелска соба оваа година и да ги спакува сите подароци на мир.
За два дена се снабдила со кафе, сокови и омилената серија.
„Резервирав хотел за две ноќи, ги завиткав сите подароци, нарачав храна за носење, гледав телевизија и никој ништо не ме прашуваше“, напишала таа во описот на виралното видео.
Мајките се воодушевени од нејзината идеја, иако некои ја критикуваа за финансискиот аспект на овој потег.
„Изнајмивте соба за пакување подароци? Луди сте“, се некои од коментарите.