Мајка од Лондон станала вирална откако споделила детален преглед на трошоците за царски рез во приватна болница во Лондон. Рејчел Меј (33) открила на „Тик-ток“ дека вкупните трошоци за породување изнесуваат 23.101 евра.
Меј објаснила дека најголемиот трошок е поврзан со стандардното болничко сместување: 9.395 евра платила за породувањето, со дополнителни 1.475 евра од ноќ за четири ноќевања, што е вкупно 5.900 евра. Епидуралната анестезија чинела 1.198 евра, додека две стероидни инјекции за нејзиниот син биле дополнителни 722 евра. Хонорарот за работата на нејзиниот консултант бил 4.216 евра, а за шест пренатални прегледи платила 1.445 евра. Цената на лековите изнесува 94 евра.
Трошоците, вели таа, сè уште се помали отколку во Америка. Во САД, природното породување може да чини помеѓу 10.000 и 30.000 евра, додека цената на царски рез може да надмине 50.000 евра, во зависност од осигурувањето и болницата.
Зошто да изберете приватна болница?
Кога ја прашале зошто избрала приватна болница, Меј открила дека со години ја планирала бременоста и отсекогаш знаела дека сака да се породи во приватна болница доколку тоа ѝ е достапно.
-Сакав сама да изберам свој советник и да имам индивидуализирана нега за време и по породувањето, што не може секогаш да се гарантира со здравственото осигурување. Лековите чинат повеќе отколку што очекував. Но, не можам да замерам за самата нега, мојот советник беше фантастичен – објаснила таа.
Видеото собрало речиси 200.000 прегледи и над 500 коментари. Многу корисници биле заинтригирани од нејзиното искуство во приватна болница, додека други ѝ се заблагодариле за нејзината транспарентност. Од друга страна, некои ја критикувале затоа што се породила во приватна болница. Нејзиното видео можете да го видите на овој линк.
912