Апетитот на детето може да се менува од ден на ден. Овие промени обично не се загрижувачки. Понекогаш детето би сакало да јаде повеќе, што е сосема во ред. Најважно од сѐ е да му понудите здрава храна.

Вториот пат можеби нема да сака толку да јаде. И тоа е, исто така, во ред. Ако во тој момент не сака да јаде, веројатно ќе го надомести тоа при следниот оброк или во следниот ден. Најдобро е да не се форсира, ниту да се нуди друга храна како награда бидејќи тогаш децата не учат да слушаат што им вели нивното тело. На детето овозможете му здрава исхрана и можност да ја јаде. Тоа треба да одлучи колку ќе јаде – или дали воопшто ќе јаде. Ако детето добро расте и се развива, веројатно добива доволно храна.

Најмоќниот начин да им испратите пораки за здрава исхрана на децата е да им дозволите да ве видат како секојдневно се одлучувате за здрава исхрана. Децата го имитираат она што го правите вие. Разбирањето на начинот на кој желудникот на вашето дете „разговара“ со мозокот може да ви помогне да не се грижите за тоа дали детето не јаде или дали се прејадува. Исто така, гладувањето на вашето дете делумно е одредено од тоа колку било физички активно и дали треба да ја надомести енергијата. Нудењето на оброците и здравите грицки во редовно време го поттикнува апетитот. Редовните оброци и меѓуоброци може да бидат дел од рутина на здрава исхрана.

Ако вашето дете се прејадува…

– Понудете му помала порција храна. Ако го изеде тоа, можете да му понудите уште малку. Тоа дава можност да се „усогласат“ мозокот и желудникот.
– Храната послужете ја во помала чинија. На тој начин добива порција со соодветна големина, но и понатаму одбива „полна чинија“ храна. Избегнувајте гледање телевизија или игри со играчки во текот на оброците. Тоа ќе му помогне на детето да се фокусира на својот оброк.

Ако вашето дете не јаде доволно…

– Секој ден нудете му храна приближно во исто време. Ако детето јаде редовни оброци, поголема е веројатноста дека во тој период од денот ќе биде гладно.
– Ако детето јаде премногу грицки, може да биде сито пред главниот оброк.
– Избегнувајте да му нудите на детето алтернатива ако не го изеде главниот оброк.
– Ако сте загрижени поради растот или прехранбените навики на своето дете, договорете термин за преглед кај општ лекар, педијатар или нутриционист.

Здрава исхрана и пораките за храната

Здравите прехранбени навики почнуваат дома. Здравата и хранлива исхрана е важна за детскиот раст и развој. Исто така, помага опкружувањето на детето со пораки за здрави прехранбени навики и храна. Тоа ќе му помогне на детето во навиката за правилно јадење и избор на здрава храна. Еве неколку идеи:

– Обидете се да имате сад полн со свежо овошје на дофат. Овошјето можете да го понудите како меѓуоброк или ако детето уште не е сито.
– Наполнете го фрижидерот со многу здрави и хранливи намирници, а нездравата храна оставете ја на полиците од супермаркетите.
– Обидете се да изберете овошје и зеленчук со различни бои, текстури и вкусови. Колку поголема разновидност, толку е поголема веројатноста дека детето ќе пронајде нешто што го интересира. Вклучете го детето во планирање и подготовка на оброците. Ако помогнало во подготовката на оброците, поголема е веројатноста дека ќе ги изеде. Уживајте во здравите оброци заедно, како семејство, што е можно почесто. Исто така, имајте заеднички појадок и во викендот.
– Додека јадете, исклучете го телевизорот. На тој начин детето обрнува внимание на храната.
-Држете ги здравите грицки и овошје при рака и обидете се да не купувате нездрави. Децата ќе изберат здрава опција ако е единствената што им се нуди.

Извор



912

X