Ниедно јадење не е толку добро како првото јадење по породувањето – вели Чауни Бруси, мајка на 4 деца, а следната вирална фотографија потсетува и на жедта по породувањето која не може да се опише. „Жедта е реална. Колку мина од вас се сеќаваат дека се чувствувале како камила која никако не може да се напие доволно течност?“, пишува под фотографијата на мајката која држи шишенце со пијалак непосредно по породувањето, а објавена е на инстаграм-профилот на фотографката Кристи Перез, која се занимава со фотографирање на породувања, трудници, новороденчиња. Меѓу многубројните фотографии од породување, сега внимание привлекува изразот на лицето на мајката која изгледа како да не може да ја згаси жедта по породувањето.

Традиционално на жените не им се препорачува внес на храна и пијалак во текот на породувањето бидејќи постои страв од вдишување течности или храна во белите дробови што може да доведе до отежнато дишење и воспаление. Меѓутоа, во поново време, воздржувањето од храна и пијалак се покажало како непотребно. Ова е многу добра вест бидејќи повеќето жени чувствуваат глад и жед во текот на породувањето, особено во раните фази – објаснуваат од „Витаминотека“ (Хрватска) и велат дека во текот на породувањето се препорачуваат изотонични пијалаци, особено кај оние жени што не чувствуваат потреба за храна.

„Тие му ја даваат на телото потребната енергија. Исто така, добар избор се водата и разредениот овошен сируп. Газираните пијалаци и лимонадата не претставуваат добар избор бидејќи може да предизвикаат мачнина.“

Извор



912

X