Здравје

Здрав оброк – палентата е одличен избор за малечките

Палентата или качамакот е јадење што настанало во Северна Италија. Народниот назив за палентата е качамак и од дамнина се сметало за селско јадење. Многу здрава и вкусна, палентата се подготвува многу лесно и може да се консумира на различни начини во комбинација со различни намирници. Тоа е оброк кој е направен од бело или жолто пченкарно брашно. Пченкарното брашно или гриз има многу позитивно влијание врз целокупното здравје на човекот. Најважна работа кај ова јадење е фактот дека палентата не содржи глутен и може да ја консумира секој, без разлика на староста.

Идеална е за мали бебиња, за луѓе што водат сметка за своите килограми или, пак, за оние што имаат проблем со дигестивниот систем.

Состав на палентата и нејзините здравствени предности

Овој оброк содржи доволно минерали, хранливи материи и витамини колку што на телото му се потребни за нормално да функционира. Палентата има големо влијание врз спречувањето на различни болести, како и на севкупното здравје на човекот. Таа во својот состав има природни масти и токму тие здрави маснотии се заслужни за моќта на палентата која доведува до подобра и квалитетна работа на цревата.

Пченката е заслужна за сите добри својства на ова вкусно јадење. Веднаш по пченицата и оризот, пченката важи за најважна житарка на светот. Тоа е една од најдобрите намирници што ги исполнуваат човечкиот организам со долготрајна добра енергија. Пченичното брашно содржи голема низа хранливи супстанции. Тоа брашно е голем извор на витамините Б6, К и Е, пантотенска киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин. Исто така, содржи многу фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган. Благодарение на пченката, која е дел од палентата, таа има мал број калории во себе, па затоа за мајките е идеален оброк за слабеење (100 грама палента содржат околу 380 калории).

Таа во својот состав има само природни масти, така што нејзините јаглехидрати и липиди се добри за човечкиот организам.

Постои разлика помеѓу домашната и купечката палента

Палентата што се набавува во продавниците е збогатена со аскорбинска киселина, како и витамин Ц и бета-каротен, па со самото тоа е нешто побогата кога се витаминот А и Ц во прашање во споредба со домашната, а кога се работи за калории, јаглехидратите и мастите се со слична количина во состав и кај домашната и куповната.

Подготовка на палентата

За да се направи палента на вистински начин, потребно е во лонец да се стават 3 и пол шолји вода. Потоа се додава малку сончогледово масло и малку сол. Кога сето тоа ќе зоврие, температурата се намалува на минимум и се става во една шолја пченкарна палента со константно мешање. Се препорачува да се употребува дрвена лажица поради оксидацијата на металната лажица. Со овој вкусен оброк може да се додадат некои здрави семки или омилен зеленчук.

Рецепт за проја со палента

Од палентата може да се подготват и различни јадења, а едно од нив е вкусната и здрава проја. Потребн се: 150 грама пченкарна палента, 3 јајца, 200 грама брашно, 300 грама сирење, немасно, 1 лажичка сол, 1 прашок за печиво, 200 милилитри јогурт, 100 милилитри сончогледово масло. Додека се подготвува смесата, потребно е рерната да се вклучи на 200 степени. Во една чинија се матат јајцата и во нив се додаваат масло и јогурт, а потоа смесата добро се мати со миксер. По добивањето хомогена смеса се додава брашно и палента со лажичка сол и со прашок за печиво.

Извор: yumama.com

Поврзани написи

To top