Здравје

Здрав и вкусен појадок за најмладите


Во креативната кујна на „Светот на Биби“ се подготвува ново изненадување кое ќе внесе радост и енергија во утринските часови на децата – инстант каша за појадок создадена во соработка со брендот @coach.foods.

Овој нов производ претставува спој на вкус, забава и практичност. Се подготвува за само три минути, со избор од два неодоливи вкуса: какао и малина. Секоја кутија содржи три порции, доволно за три утрински прегратки во форма на појадок.

Кашата е создадена со посветеност и грижа, со цел да им понуди на децата вкусен и нутритивен оброк што ќе го обожаваат, а на родителите практично решение за квалитетен почеток на денот.

Од „Светот на Биби“ најавуваат дека новата каша наскоро ќе биде во продажба, со порака до сите родители и дечиња дека за кратко време започнува новата вкусна авантура.

(Комерцијална објава) 

Поврзани написи

To top