Копривата е еден од најдобрите извори на хлорофил, кој го зголемува бројот на еритроцити (црвени крвни зрнца), односно хемоглобинот во крвта, а еве и еден начин како да им ја послужите на децата.
Потребни ви се:
– 2 раце лисја од млада коприва
– пченкарно брашно (третина во однос на количеството вода)
– неколку лажици ладно цедено масло
Подготовка
Во тенџере со вода ставете ги лисјата од млада коприва, претходно измиени и исечкани. Оставете ја водата да зоврие, па намалете ја температурата на шпоретот. Полека додавајте пченкарно брашно и постојано мешајте. Кога масата ќе се згусне, додајте неколку лажици квалитетно, ладно цедено масло. Добро измешајте и тргнете го тенџерето од шпоретот.
Турете во чинија и послужете со кисело млеко.