Откако се обидела сама, побарала помош онлајн, поконкретно од математичар кој може да реши равенка. Збунетата мајка споделила фотографија од домашната задача на нејзината ќерка на приватна група на „Фејсбук“ со наслов „Семејни трикови и совети за време на карантини“ и признала дека задачата навистина ја замислила. Напишала: „Има ли математичари кои може да помогнат со домашната задача на ќерка ми? Не може да го реши проблемот под Б, а поминати се 26 години откако јас решавав математички задачи“.
Многу луѓе коментирале и понудиле свои сугестии, дури се обиделе и самите да ја решат задачата пред да споделат фотографии од нивните решенија напишани рачно. Но, и покрај многуте обиди, изгледа дека никој не може да се согласи околу одговорот, па ѝ сугерираат на жената да се обрати на апликации на „Јутјуб“ за да ѝ помогнат во справувањето со математичкиот проблем. Многумина псочуваат дека одговорот е „х на квадрат делено со 3“ и иако тоа изгледа како популарно решение, сепак многу луѓе се збунети и по тој одговор.
фото извор: FAMILY LOCKDOWN TIPS & IDEAS/thesun.co.uk
„На која возраст децата го решаваат ова? Само сум љубопитна за да знам кога ќе дојде време за да ги избркам од дома“, се шегувала една жена. Друга признала: „Кога луѓето ги користат овие работи? Имам 47 години и не мислам дека некогаш сум ги употребила овие математички изрази во животот?“
„Имам постигнато високо ниво во математика на училиште и не се сеќавам на вакво нешто“, рекол трет корисник. Во меѓувреме четврти признал: „Ако не бев доволно збунет читајќи го ова прашање, сега сум уште позбунет кога ги гледам одговорите. Степен? 2/3 од х??!! Што е по ѓаволите Х?“
фото извор: Facebook
Се вклучил и наставник кој напишал: „Како наставник, би рекол задачата да ја остави и да ѝ каже на наставничката дека не ја разбрала. На тој начин наставничката повторно може да ѝ објасни, на начин на кој веќе ја учи. Попрво би избрал ученикот да се појави без домашна задача и волја да научи отколку со комплетирана домашна задача која била завршена со помош од 100 странци на Фејсбук!“
Кој е точниот одговор според вас?
Автор: Карли Бас