Предизвикувачки е за сите родители во вистинско време да ги кажат вистинските зборови. Но, што ако постои еден збор што можете да го додадете во вашиот речник кој ќе им помогне на вашите деца да бидат успешни во животот?
Негувањето самодоверба и став дека детето може да направи нешто кога го користите зборот „вежбање“ наместо често употребуваниот „пробај“. Еве зошто: Обиди се имплицира неуспех или во најмала рака сомнеж. Од мали нозе секогаш ни се кажува, „пробај го ова“, „пробај го она“. Но, зборот го подразбира чинот на прашување што ќе се случи наместо да имате јасна намера за успех.
Колку пати сте слушнале дека некој пробал нешто повторно и повторно, и не успеал? Тоа е збор што го користиме кога не очекуваме успех или не сакаме да направиме нешто, па често ја користиме реченицата: „Е добро, барем се обиде“. Зборот „вежбање“ сепак подразбира подобрување и успех. Вежбањето секогаш ве прави подобри.
Секој што е добар во нешто вежбал: лекари, музичари, спортисти, студенти, пејачи.
Дури и малите деца што учат да одат, вежбаат. Ако сакате целосно да го отстраните штетниот збор „пробај“, можете да го замените со фрази ориентирани кон акција и успех, на пример, „направи го“.
Значи, што сакате за себе и вашето дете? Сакате да го користите зборот „пробај“ што може да имплицира сомнеж и неуспех или „вежбај“, што подразбира подобрување и успех?
912