Образование

Завршува учебната година – од утре на летен распуст

Три месеци далеку од училниците, со затворени училишта поради пандемијата на Ковид-19, денеска завршува учебната 2019/2020 година. Редовната настава беше прекината на 11 март. Владата донесе повеќе уредби за да се овозможи законски наставниот процес да продолжи од дома. Редовната настава не продолжи бидејќи Македонија сѐ уште е во вонредна состојба, а кризата со коронавирусот не стивнува.
Оваа учебна година наставата ја завршуваат 270.000 ученици од основните и средните училишта. Летниот распуст завршува на 31 август. Во моментот неизвесно е на кој начин ќе почне учебната 2020/2021.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top