Музичкото училиште „Пијанофорте“ ја продолжи својата традицијата со организирање завршен концерт на кој и годинава настапија сите ученици од училиштето. На завршниот концерт се покажува здружениот труд на професорскиот тим, од една страна, и на учениците поддржани од своите родители, од друга страна.
– Јавните настапи на децата се дел од кредото на училиштето, според кое, се верува дека секое дете има потенцијал кој треба да се потпомогне, а преку музичкото образование и јавното презентирање на сработеното се зголемува самодовербата во генерална смисла. Во овој контекст ќе споменеме дека кај нас во текот на една учебна година сите ученици настапуваат пред публика минимум четири пати, а завршниот концерт е убаво заокружување на годишниот циклус – велат од „Пијанофорте“.
Училиштето постои од 2000 година, на почетокот како училиште за пијано, а во 2010 година ја проширува дејноста со настава по други инструменти и програми.
– Денес во „Пијанофорте“ се образоваат повеќе од 150 ученици кои посетуваат класично музичко образование по инструментите пијано, виолина, класична гитара и индивидуално пеење, но и во одделот за популарни жанрови каде што изучуваат ударни инструменти, бас и електрична гитара и пеење. Во рамките на училиштето функционира и група за ран музички развој, наменета за деца од 3 до 5-годишна возраст. Во сите програми што се дел од понудата се применуваат најсовремените музичко-педагошки методи и, меѓу другото, се поттикнува групното музицирање, што можеше да се види и доживее на завршниот концерт – велат од училиштето.
Погледнете дел од концертната атмосфера во националната галерија Даут-пашин амам.
912