Колку што сте вие поавтентични, колку што повеќе се однесувате во согласност со себе, со своето мислење – толку и пораката што му ја испраќате на детето ќе биде посигурна.

Тажно е што со невербалната комуникација се занимаваме најмногу во маркетингот, односите со јавност, јавните презентации, интервјуата при вработување, а многу малку или воопшто не кога сме во интеракција со своите деца… А и тука важат истите правила, па најмал процент од пораката што ја примаат децата е од она што го говориме. Многу е побитно како ќе го кажеме, со каков тон, со која мимика, со каков телесен став… Сето тоа не треба да личи на карикатура, на напор и присилување на родителот да биде она што не е… Проблемот со невербалната комуникација е што повеќе доаѓа од несвесните делови од нашата личност.

За да бидете подобри родители, одете на психотерапија. Освестете ги сите ваши комплекси, вашите болни рани за да не ги пренесувате несвесно и невербално на децата, без оглед што кажувате.

Ми се чини дека завладеал некаков терор на правилните реченици во воспитувањето што дополнително ги оптоварува родителите и создава притисок да трагаат по вистинските реченици во секоја ситуација… а постојат безброј ситуации. Колку што сте вие поавтентични, колку што повеќе се однесувате во согласност со себе, со своето мислење – толку и пораката што му ја испраќате на детето ќе биде посигурна.

Колку што вие ќе бидете посигурни, толку посигурно ќе биде и детето, прво во вас, а потоа и во себе.

Колку што вие ќе се чувствувате позадоволни, толку и тоа ќе се чувствува повредно.

Разликата меѓу вербалната и невербалната комуникација е тоа што внесува несигурност, анксиозност и недоразбирање, бидејќи во таа ситуација детето повеќе му верува на невербалниот дел од вас, а не на она што го зборувате зашто ни вие самите не верувате во тоа.

Автор: Сунчица Јовановиќ, психолог и психотерапевт



912

X