Како што училиштата на Флорида планираат повторно да се отворат за неколку недели, иако коронавирусот продолжува да се шири – едно видео објавено од училиште покажува како ќе изгледаат училниците оваа есен. Видеото привлекло големо внимание.

Училишниот округ Манати Каунти објавил промотивно видео на „Фејсбук“, а во него се гледаат учителите кои носат лабораториски наметки, маски, ракавици и визири додека им предаваат на учениците кои се седнати на раздалечени клупи. Нараторот во видеото ја објаснува физичката дистанца која ќе се запазува, покривањето на лицето, кое ќе биде задолжително, како и здравствените скрининзи.

„Се радуваме што ќе ги пречекаме вашите деца следната учебна година“, завршува нарацијата во видеото.

Мајка од Флорида која го видела видеото на „Тик-ток“ ги истакнала неколкуте проблеми. Видеото што го објавила Тифани Џенкинс добило повеќе од 381.000 лајкови, а таа започнала со споредување на снимката со хорор-филм.

– Училиштето во мојот округ само што објави видео за очекувањата за следната учебна година и нема да лажам – изгледа навистина апокалиптично – рекла Џенкинс. Во видеото има снимки од наставниците кои се со заштитна опрема, како и ученици со маски кои се движат низ ходниците. Видеото завршува со фацијална експресија на Џенкис, која изгледа анксиозно и загрижено.

фото извор: School District of Manatee County/ screenshoot

Во интервју за „Базфид њуз“ таа го нарекла видеото „вознемирувачко“.

– Се натажив бидејќи сфатив колку различно искуство ќе биде тоа. Како децата да се казнети. Децата се деца. Идејата да се фокусираат на дистанцирање, или на маските и фактот што ќе бидат оддалечени од пријателите, навистина ми го крши срцето.

Слични коментари биле објавени на страницата од училиштето на „Фејсбук“.

„Тоа видео само потврдува дека училиштата нема повторно да се отворат. Ова изгледа како затвор за деца“, напишала една жена. Неколку други дале забелешка за видеото кое ги потсетува на детски затвор, додека други истакнале дека видеото ги растажува. „Ова изгледа мизерно“, напишала една жена. „Ужасно“, „Најглупавата бесмисленост што некогаш ја имам видено“, се меѓу другите коментари. Додека од округот не дале одговори на 853-те коментари на нивната објава, сепак оставиле една изјава како одговор на критикувањето.

„Сликите и видеото се наменети за да докажат примери од новите процедури. Училиштата не се стандардни. Во тој случај, лабораториските наметки се бараат од персоналот како дополнителен слој на заштита за да бидат побезбедни и да им дадат чувство и на учениците дека се безбедни. Исто така, секоја училница е различна, па конфигурацијата на клупите ќе биде соодветна на големината на училницата“, стои во нивното тврдење.

На училиштата им било наредено да се дозволи учење со физичко присуство за време на новата учебна година, иако многу окрузи им даваат можност на родителите да изберат дали би сакале децата да се вратат на училиште или да се продолжи со некаква форма на онлајн-учење од дома.

Во округот Манати учебната година треба да почне на 17 август, а опциите вклучуваат враќање во училишните клупи со целосно одржување на часовите, хибридна опција за целосното онлајн-учење.

 

@jugglingthejenkinsI feel like I’m living in an M. Night. Shyamalan movie dude.♬ original sound – jugglingthejenkins

 

Автор: Едриен Катвеј

Извор



912

X