Томас Џеферсон еднаш рекол дека не може да живее без книги. Сепак, во денешно време некако сè помалку се чита и луѓето сметаат дека тоа е досадна активност. Но, постојат неколку начини на кои можете да ги научите вашите деца да ја засакаат книгата.
Наградете ги со книгa
– Десет од десет книжарници се согласуваат во едно: читањето е совршено за децата. Читањето помага во сè, од градење поголем речник до подобрување на концентрацијата и насоченоста за да станат подобри граѓани на светот – вели библиотекарката Гвен Глејзер од Јавната библиотека во Њујорк.
– Читањето на бебињата им овозможува многу предности за нивниот јазичен развој и развој на другите вештини – додава таа.
Сепак, кај децата можете да употребите дополнителен поттик за да им се развие љубовта кон читањето.
– Дозволете им на децата да останат будни половина час подолго за да читаат или да ги користат книгите како награда – вели Гвен.
Оставете го детето само да избере што ќе чита
– Дозволете им на децата да читаат книги што им се допаѓаат. Многу од нас како деца обожаваа книги што не можат да се сметаат за висока литература. Сепак, тие пробудиле голема, доживотна љубов кон читањето кај повеќето од нас. Ако како дете го развиете овој ентузијазам, ќе имате доволно време да читате класици подоцна – објаснува Гвен.
Поврзете се
Да, дури и технологијата може да им помогне на децата да ги засакаат книгите.
– Постојат апликации со визуелни компоненти што овозможуваат да заживее читањето. Исто така, постојат и читатели на е-книги кои им овозможуваат да се поврзат со приказната на друг начин – вели Глејзер.
Размислувајте пошироко
Ако детето не сака да чита, постојат и други начини да му го направите попримамливо читањето, на пример, заедничко читање или аудиокниги.
– Аудиокнигите се преубав начин да се поврзете со книгата. Многу деца сакаат да слушаат кога некој им чита приказна – вели Гвен.
Немојте да отфрлате други типови литература
– Книгите базирани на телевизиските серии, стрипови и комични книги се совршени. Сето она што ги возбудува во врска со читањето е прекрасно – додава Гвен.
Дела, а не зборови
Децата се однесуваат онака како што гледаат дома.
– Ако децата ве видат дека се опуштате со книга, голема е веројатноста и тие да го прават тоа – советува таа.
Обидете се секоја недела да издвоите време и да организирате семејно читање, заедничко и индивидуално и потоа да разговарате за тоа што сте го прочитале.
Посетете ја вашата локална библиотека
Полни со книги и забавни активности и програми, градските библиотеки го прават читањето друштвена активност.