Воспитување

Карантинот ѝ помогнал да сфати дека сопругот е забавниот родител во семејството. Дали треба да е љубоморна?

Живеењето во мал простор во период во изолација открива многу работи на различни начини. Луѓето дознаваат работи за своите партнери што порано не ги знаеле – на пример, дека имаат чуден карактер, но и откриваат работи за себе што никогаш не ги знаеле, на пример, фактот дека всушност уживаат да бидат „заглавени“ дома бидејќи имаат доволно време во текот на денот.

Но, кога сите се дома заедно, луѓето исто така дознаваат каде им е местото во семејната хиерархија… и не е секој среќен во врска со тоа, на пример, мајката која објавила колумна со совети.

„Јасно е дека мојот сопруг е забавниот и креативниот родител“, пишува жената, додавајќи „често се чувствувам како – трето тркало – кога тие двајца се тркаат низ нашите ходници и пеат измислени песни и се кикотат. Јас сум зафатена со домашните обврски, што само ја зајакна идејата дека таткото е забавниот родител, а мама мие садови. Ова не е моделот преку кој сакам мојата ќерка да порасне!“

„Дали сум само љубоморна што мојот сопруг е нов експерт во одржувањето на среќата на ќерка ни? Можам да ја држам Софија зафатена со добро истражувачки проекти и активности во природа. Како социјален секретар во нашето семејство, навикната сум да ги исполнувам викендите со излегувања и игри на отворено, додека мојот сопруг е среќен да го поминува викендот релаксирајќи се.

Во карантин, сепак, тој си е на своето. Измислува будалести игри, трча со неа низ градината и се борат на каучот. Ја смее на начин на кој јас никогаш не успевам, дури и додека ја скокотка“.

Таа признава дека чувствува љубомора што нејзиниот сопруг е забавниот родител, но се прашува дали е во ред детето да има двајца забавни родители?

„Многумина од нас имаат чувство како да ја губат контролата“.

Колумнистката бара од мајките само да се релаксираат, потсетувајќи дека: „Децата го менуваат ставот постојано во однос на тоа кој родител е забавниот. Не сме сите добри во истите работи“.

Тоа е вистина. Се поврзувам многу со ова. Јас сум некој што сака да планира и организира излегувања и забавни активности, а поголемиот дел од времето моето дете буквално сака да се крие под чаршафите и да се преправа дека таа територија е „нејзината куќа“. Но, може да биде многу тешко, особено кога не правиш многу – да се чувствуваш дека треба да го искористиш времето продуктивно.

И други споделуваат свои совети.

„Не звучиш како да правиш нешто погрешно“, коментирал еден корисник и додал дека таа не треба да се прекорува, туку напротив – препорачува повеќе да се релаксира. „Постапуваш со неа онака како што сакаш. Таткото, од друга страна, обрнува внимание на нејзините интереси и ја остава да игра, да создава, да истражува“.

И други се согласуваат велејќи дека двегодишно дете нема потреба од толку структуиран распоред на игра, особено периодов – на децата само треба да им се дозволи да се изразат.

„На крајот, главниот совет е – не прекорувајте се, обидете се да се приклучите кога можете (насмевката и радоста се заразни… Многумина од нас чувствуваат како да ја губат контролата. Ќе помине“.

Автор: Џена Мартин

Извор

Поврзани написи

To top