Тошо е мачор кој сите го пораснавме и го гледаме, а учениците му направија и куќичка, велат од ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци. Овој мал крзнен миленик зимава не спие на ладно благодарение на учениците од училиштето кои направиле прекрасен дом за него и неговиот другар Гошо.




-Ова е мачорот Тошо, кој сите ние го пораснавме и го гледаме. Учениците го сакаат и тие од 8а и 8б му направија куќичка и тој е сега заштитен во неа заедно со другарот Гошо. Го храниме и го третираме. Миленик е на директорката, учениците и на голем број вработени. Дружељубиво, паметно и мирно мачорче – велат од училиштето.
Тошо е навистина среќен мачор.



912