Никанор Куинтерос е како и секое момче на негова возраст. Тој живее со својата баба Рамона, оди на училиште, сака млеко и колачиња. Но, тој не би се разликувал од другите ако немаше едно нешто: води училиште кое го основал со помош на другите соученици. Оваа иницијатива постои веќе 4 години.
Кога Никанор Куинтерос наполнил 9 години, ја прашал баба си дали може да изгради училиште веднаш до нејзината куќа. Некои ученици во неговото соседство не можеле да одат на училиште бидејќи немале пари да платат за превоз или чевли за да пешачат, а дел од нив биле и бездомници. Бабата на Никанор со задоволство ја одобрила идејата, така што заедно почнале да ја претвораат во реалност.
Фото: Estudio 8 / Canal 8 San Juan
Во дворот од неговата куќа, во соседството Лас Пиедритас во Сан Хуан, Аргентина, Никанор и неговата баба изградиле училиште кое го нарекле „Патриа и Унидад“. Користеле платно и стапови за да создадат училници, гајби како столчиња и рециклирани тетратки за учениците да пишуваат и да учат.
Оттогаш поминале 4 години и со помош на соседите и љубезните луѓе, Никанор успеал да изгради уште 2 училници, шкафчиња, табла, мала библиотека и ѕвонче што ги известува учениците дека е време за одмор. Некои од наставниците се неговите соученици и Никанор има дури и директорска канцеларија.
Фото: Estudio 8 / Canal 8 San Juan
Децата на Лас Пиедтирас се посветени и одлучни дека сакаат да учат и тие секогаш тропаат на вратата на директорот за да му кажат дека пристигнале. Училиштето има 36 ученици, и јасно е дека Никанор им служи како инспирација кога станува збор за учењето.
Заслугите на Никанор не завршуваат тука. Тој го дава максимумот од себе за да им помогне на децата во учењето и понекогаш одржува часови и навечер за оние што не можат да присуствуваат на редовната настава. Дополнително, тој штеди пари од неговиот додаток за да обезбеди чај и колачиња за учениците.
Фото: Estudio 8 / Canal 8 San Juan
Кога гувернерот на Сан Хуан отишол да се сретне со Никанор, рекол: – Не можам да поверувам дека тука имаме херој.
И тој е во право. Никанор инспирирал многу луѓе, не само во Аргентина, туку во целиот свет.
912