Свирењето на пијано има повеќе предности. Освен што произведува мошне уникатни звуци и тонови, тоа исто така им помага на децата во подобрувањето на нивните јазични способности.

Свирењето на пијано го подобрува слухот за јазиците

Џон Гебриел, невролог на Институтот за мозочни истражувања во Масачусетс, вели дека свирењето на пијано од рана возраст го подобрува слухот не само за музиката туку и за јазиците. Авторите што истражуваат во полето на музиката и детскиот развој укажуваат дека часовите по пијано можат да им помогнат на малите деца да ги подобрат своите вештини за јазиците.

Часовите по пијано придонесуваат за полесно сфаќање и меморирање на зборовите

Габриел додава дека за време на часовите по пијано детето освен што учи да ги разликува и препознава тоновите, тоа исто така учи полесно да ги сфаќа и меморира кажаните зборови, што е клучно за правилна комуникација.


Во едно истражување биле вклучени  74 петгодишни деца од Кина кои биле поделени во три групи. Едната група присуствувала на часови по пијано секоја недела, втората група на часови по читање, а третата група немала часови.

Децата што свиреле на пијано секоја недела се покажале како поуспешни 

Шест месеци подоцна групите не покажувале сериозни разлики во поглед на интелигенција, меморија и концентрација. Сепак, групата што посетувала часови по пијано се истакнала на едно поле. Тие лесно и брзо умееле да прават разлика помеѓу кажаните зборови што се разликувале само во една согласка.

Резултатите биле толку изненадувачки, што училиштето во Пекинг продолжило да одржува часови по пијано за своите ученици дури и по завршувањето на експериментот.



912

X