Запекот или констипацијата кај децата е честа појава и во повеќето случаи не е причина за сериозна загриженост. Се јавува кога детето има многу тврда столица и врши нужда поретко од вообичаено. Тоа е многу чест гастроинтестинален проблем и се дефинира со помалку од три испразнувања на дебелото црево на неделно ниво.
Иако бројот на празнења на дебелото црево може да биде различен кај секое дете, ненадејната промена може да значи дека постои некаков проблем. Запекот се јавува и ако детето има проблем да го исфрли изметот, кој е тврд и голем, или воопшто не успева да го исфрли. Исто така, постојат неколку причини за запек кај децата. Некои од вообичаените се:

-неправилна исхрана богата со масти и сиромашна со растителни влакна
-недоволна консумација на вода и други течности
-недостиг на физичка активност
– емоционални проблеми (стрес, вознемиреност)
-проблеми со дигестивниот тракт
-нарушувања на тироидната жлезда
-земање одредени лекови.
Иако запекот се јавува кај речиси секое дете, ако трае подолго, предизвикува големи болки или, пак, ако се јавува со некои други симптоми како повраќање, треска или мачнина, неопходно е да се побара помош од лекар.