Кога имате 22 деца, нема такво нешто како купување неколку најосновни работи. Су (45), која е мајка на најголемото британско семејство, со сопругот Ноел (49), постојано ги споделува моментите кога е во набавка по облека за целото семејство. Најчесто се упатува во продавниците каде што има ниски цени. Во продавницата влегува само со постарите ќерки, бидејќи би настанал хаос кога Су би ги повела сите деца.
Не е изненадување дека децата купуваат многу облека кога имаат шанса за тоа. Су во видео на „Јутјуб“ се пошегувала: „Девојките само земаат една кошница, ја полнат со многу работи и потоа ме оставаат да платам“.
Се распределуваат во продавницата и потоа се наоѓаат пред касата за плаќање. На видеото Су и нејзината ќерка Ели (15) покажуваат во детали што точно купиле и за кого. Како што се очекува, Су има проблем да запомни кој што добил, па за среќа Ели е тука да помогне.
фотоизвор: thesun.co.uk
Зборувајќи кон камерата, Су вели: „Јас и Ели ќе ви покажеме што сме купиле“ – тука се вбројуваат маички, јакни, фармерки, пижами и други додатоци, а постарите деца одбираат некои од работите што ги посакувале. Најмногу купуваат фармерки, кои чинат 15 фунти за еден пар.
На „Инстаграм“, Су ја отворила големата кутија и ја покажала облеката што ја купила за семејството – докажувајќи дека онлајн-купувањето е полесно кога имате толку многу деца. Додала дека девојчињата ја обожаваат својата нова облека, па купувањето било успешно.
фотоизвор: thesun.co.uk
Ноел и Су од Ланкшир се родители на Крис (31), Софи (25), Клои (24), Џек (22), Даниел (20), Мили (19), Лук (19), Кејти (17), Џејмс (16), Ели (15), Ејми (14), Џош (12), Макс (11), Тили (9), Оскар (8), Каспер (7), Хејли (4), Фиби (3), Арчи (2), Бони (1) и Хејди, која се родила во април. За жал, 17-тото дете Алфи било мртвородено.
Семејството станало уште поголемо кога Мили го родила своето прво дете Офелија, а Су и Ноел сега имаат вкупно 6 внучиња. Целото семејство, вклучително и Мили и Офелија, живеат во поранешен дом за нега, а го споделуваат својот живот со многубројните фанови. Приватниот пекарски бизнис на Ноел им е основниот приход.
Автор: Карли Бас