Овој текст не е за совршени мајки кои одгледуваат деца што не викаат, не јадат бисквити, свират на пијано и зборуваат еврејски од осмиот месец од животот. Ова е за сите нас што низ родителството се пробиваме како некогашната војска.
Да издржиме браќа и сестри, за 15 години ќе биде подобро!
Прв закон на родителството – Ако не го слушнете детето подолго од 10 минути (може и 5), некаква катастрофа од епски размери и во тек. А сте мислеле дека добра идеја е да го оставите детето само со фломастерот само 3 минути за да сварите кафе? Уживајте во новиот мурал, што му фали, баш е кул, а вашето малечко можеби е следната Фрида Кало.
Втор закон на родителството – Откако сте го прашале детето 573 пати дали треба да оди во тоалет и сте влегле набрзина да се истуширате, по 3 минути детето ќе почне да ја демолира вратата бидејќи МОРА да мочка/кака. Додека вие правите слалом под тушот во обид да го дофатите пешкирот, детето влегува како Грците во Троја. Не мора да мочка, само се шегувало.
Трет закон за родителството – Вашиот мал ангел толку убаво и безгрижно спие. Можеби би можеле да направите нешто што долго го одлагате, на пример, да го пресадите оној фикус? Ќе се разбуди во истата секунда кога рацете до лакти ќе ви бидат во земја. И ќе бара да јаде. И да пие. И да мочка.
Четврти закон за родителство – Сметајте дека секогаш и во секоја ситуација ќе изговара непримерни работи. Можеби ќе ве опомени во маркетот дека не сте купиле вино додека поминува сосетката. Купете вино, ќе ви треба,
Петти закон на родителството – Никогаш не озборувајте пред детето! Можеби мислите дека не разбира, но ќе знае да ѝ повтори на вашата кума дека нафрлила 2-3 килограми, на дедо дека повторно купил часовник, а на соседот дека е алкохоличар. Не прашувајте ме како знам. Јас сум Јелена и озборувам.
Шести закон за родителство – Уште еден од доменот „Јас никогаш нема да бидам таква мајка“ – ќе ги голтнете сите заклетви што некогаш сте ги изговориле. Вашето дете нема никогаш да јаде бисквити? Во некои моменти ќе посакате да му дадете лажица и килограм шеќер само за да замолчи. Се извинувам – да ви даде момент тишина, така подобро звучи.

Седми закон за родителство – Се сеќавате на оние безгрижни времиња кога со благ презир гледавте во избезумените мајки како се обидуваат да ги смират своите слатки мали чудовишта кои се фрлаат и врескаат на цел глас? Вашето нема да биде такво. Ќе биде полошо.
Осми закон на родителство – Не сте мислеле дека имате капацитет да се радувате на нешто толку банално и грдо како што е изметот на дете? Почекајте само детето да не оди во тоалет 5 дена.
Деветти закон на родителство – Планирате викенд со пријателките бидејќи детето оди кај тетка му, татко му, баба му, без разлика? Ќе се разболува секојпат кога ќе имате план. Секојпат. Не вреди земање витамини, но продолжите, витамините се важни.