Здравје

Загрижени сте што вашето дете сè уште не проодело? Научници откриле кои фактори влијаат

Научниците откриле дека возраста на која детето ги прави првите чекори е тесно поврзана со генетиката, која исто така влијае врз развојот на когнитивните способности. Ново истражување открило поврзаност помеѓу времето кога детето ги прави своите први чекори и начинот како ќе се развива подоцна – не само физички, туку и ментално.

Децата што почнуваат да одат малку подоцна од своите врсници може да имаат помал ризик од нарушување на вниманието и хиперактивност (АДХД), но, исто така и поголем потенцијал за успех во училиште.

Времето кога ќе проодат не е проблематично

Студијата ја спровеле научници од универзитетите во Сари, Есекс и Лондон, кои анализирале генетски податоци од повеќе од 70.000 деца. Истражувањата покажале дека генетиката влијае врз околу 25 проценти од разликите во возраста на која децата ги прават своите први чекори.

Професорката по психологија и генетика Анџелика Роналд објаснува дека тие идентификувале голем број генетски варијаци, кои се поврзани со подоцнежниот развој на одењето, кои пак, се поврзани и со подобри образовни резултати и помал ризик од АДХД. Таа нагласува дека ова е прва студија што ги анализира моторните вештини кај децата од генетска перспектива на толку голем обем.

Децата обично проодуваат на возраст меѓу осум и 24 месеци, а повеќето одат самостојно на околу 18 месеци. Потоа родителите често почнуваат да се грижат, но ова истражување покажува дека нема причина за паника.

Досега се сметало дека околината игра клучна улога во тоа кога детето ќе прооди, но најновите истражувања покажуваат дека генетиката има значајно влијание. Како дел од истражувањето, анализирани се генетски податоци од повеќе од 70.000 бебиња, а идентификувани се 11 генетски маркери кои влијаат врз тоа кога детето ќе прооди.

-Досега не знаевме точно што предизвикува толку големи разлики меѓу децата кога ги прават своите први чекори – заклучила д-р Ана Гуи, еден од авторите на студијата и истражувач на Универзитетот „Тор Вергата“ во Рим.

Извор

Поврзани написи

To top