Образование

Заев: Учебната година ќе почне на 1 октомври

Намера на новата Влада е учебната година да почне на 1 октомври, соопшти денеска Зоран Заев, на кој е доверен мандатот да формира Влада. Тој денеска до Собранието го поднесе предлогот за новиот владин состав.

Заев рече дека законските измени се подготвени и дека 1 октомври е оптимален датум за почеток на учебната 2020/2021 година.

– Направени се сите анализи и имаме конкретен план за да се одвива образовниот процес, а истовремено да го заштитиме здравјето на учениците и на нивните семејства. Новата Влада навреме ќе ги донесе сите одлуки. Неопходни се законски измени за сѐ да се одвива непречено – рече Заев.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top