Здравје

„Забременив во менопауза – доказ дека чуда се случуваат“

Мајка на две деца, која денес има 51 година, не ја крие радоста што забременила на 48 и 49 години. Нејзиниот случај е редок, но оваа жена изгледа одлично и е посреќна од кога било.

Таа рекла дека сакала уште две деца, но дека телото веќе ѝ е изморено. Ја родила својата втора ќерка кога минувала низ менопауза, а на „Тик-ток“ редовно објавува видеа со своето семејство.

„Бремена на 48 и 49 години. Не сум луда, само сум екстремно благословена. И уморна! Навистина сум уморна“, рекла оваа мајка, додавајќи на шега: „Ми требаат пријатели за разговор! Сериозно, да ме држат будна.“ Нејзините следбеници ѝ се восхитуваат и редовно ја фалат што се породила на таа возраст и одгледувала деца, иако веќе има две возрасни деца. Оваа мајка се породила во менопауза, што не е многу вообичаено, а еве што има да каже за тоа:

„Таа има една година, јас 51. Породувањето во менопауза е најдоброто нешто што ми се случило. Чуда навистина се случуваат“, рекла таа. По сите овие зборови на мајката се надоврзале луѓе со слични искуства, како и деца чии родители ги добиле во подоцнежните години.

„Имам 43 години и би сакала повторно да се омажам и да имам уште едно дете. Ова за мене е само знак дека апсолутно сѐ е можно. Нека ти е со среќа“, „Мајка ми ме доби на 50 години и јас бев едно од најсреќните деца“, „Мајка ми имаше 42, а татко ми 52 кога добија близнаци. Двајцата живееја долг и здрав живот и видоа како нивните внуци растат“, „И јас имам 51 година и моите бебиња пораснаа. Ми недостигаат деновите кога беа мали, времето пребрзо минува! Навистина си благословена, какво чудо“, се само дел од прекрасните коментари.

Автор: Радмила Илиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top