Откако се појави еден случај на шуга во Основното училиште ,,Владо Тасевски“ во Козле, денеска се прави вонредна дезинфекција во објектот.
– Станува збор за ученик од второ одделение кај кого и пред осум месеци беше констатирана оваа болест. Денес повторно се случи истото и заради превентива, ќе се постапи според утврдениот протокол на Центарот за јавно здравје – вели директорката Елка Даскалова.
Од Општина Карпош, под чија надлежност е училиштето, смируваат дека нема простор за паника бидејќи кај ниту еден друг ученик нема симптоми на оваа болест. Оттаму информираат дека покрај вонредната, направена е и редовна дезинфекција на училиштето.
Фото: commons.wikimedia.org
Шугата (scabies) e инфективно и паразитарно заболување со промени на кожата и силно изразено чешање. Болеста лесно може да се пренесе преку близок телесен контакт, кај деца што живеат во лоши хигиенски услови, а индиректно може да се пренесе преку облека, долна облека или постела.
Наставата во ,,Владо Тасевски“ ќе продолжи в понеделник.
А.П.
912