Игротека

Клучот за среќно и здраво детство е во едноставноста: во играта, смеата и заедничките моменти

Во време кога екраните сè почесто ги заменуваат дворовите, а играта на отворено станува реткост, неопходно е да се потсетиме колку се важни движењето и редовната физичка активност за здравото растење на децата.

Физичката активност не го развива само телото, туку и карактерот. Преку играта децата учат за трпеливоста, соработката, дисциплината и успехот. Секоја прошетка во парк, секоја игра со топка, секое прескокнување или скокање „како жаба или зајаче“ е можност децата да растат, да станат посилни, поспособни и посреќни.

Поттикнувањето на децата на секојдневно движење и престој на свеж воздух е вложување во нивното физичко и ментално здравје, но и во среќните спомени што остануваат за цел живот.

Зошто е важна играта за детскиот развој?

Играта е биолошка потреба на секое дете и важно е редовно да се практикува. Скокањето, прескокнувањето, ползењето, фрлањето топка, тоа се едноставни форми на движење, но исклучително важни за развојот на силата, рамнотежата, агилноста, координацијата, флексибилноста, како и за когнитивниот и моторичкиот развој на вашето дете. Важно е активностите за деца да бидат забавни, безбедни и едноставни.

Здрави навики за целото семејство

Клучот за среќно и здраво детство се крие во едноставноста: во играта, смеата и заедничките моменти. Токму тие секојдневни активности создаваат основа за силно тело, стабилна психа и радосно детство.

Извор

Поврзани написи

To top