Во денешно време сè е бурно, членовите на семејството се преокупирани со работните и училишните обврски, па сѐ помалку време поминуваме заедно. Технологијата, исто така, често го одвлекува вниманието и иако се заедно, членовите на семејството не се дружат доволно. Подолу ќе откриете неколку препораки за различни забавни активности, кои можат да помогнат во зајакнувањето на семејните односи и создавање незаборавни спомени:

Авантури во природа

Поминувањето време на отворено е одличен начин да се поврзете како семејство, додека уживате во убавината на природата и свежиот воздух. Семејството може заедно да пешачи или да шета во природа, а забавата можете да ја зголемите така што ќе ја претворите во лов на интересни растенија, животни или камења. Исто така, се препорачува кампување, возење велосипед или еден ден на плажа.

Овие искуства на отворено ја поттикнуваат тимската работа, љубопитноста и им овозможуваат на сите да се релаксираат и да си ги наполнат батериите.

Ноќ на игри

Ноќите за игри се одличен начин семејството да се собере и да ужива во натпреварување. Игрите нудат можност за смеење, соработка и развивање вештини за решавање проблеми. Се препорачуваат игри на табла и карти, како што се „Монопол“, „Уно“ и слично. Се препорачуваат и ноќи на квизови – можете да ги приспособите прашањата за квизот според интересите на вашето семејство.

Готвење и печење

Храната има посебен начин на зближување на луѓето, а вклучувањето на целото семејство во кујната може да ја претвори подготовката на оброците во забавен настан. Се препорачува семејна ноќ за пица – секој нека си ги избере состојките и нека прави персонализирани пици. Секако, има и заедничко печење на десерти. Од колачиња до палачинки, печењето е одличен начин да ги ангажирате децата и возрасните, а секој сака слатка закуска.

Уметности и занаети

Креирањето уметнички творби е одличен начин да ја изразите вашата креативност и да поминете квалитетно време заедно, со спомени што ќе ги чувате, како што се насликани камења или честитки. Сликањето и цртањето се исто така одлични, како и изработката на сезонски ракотворби, односно празнични украси или подароци за семејството и пријателите.

Семејни филмски вечери

Филмските вечери даваат можност да се опуштите и да уживате заедно. Тематските маратони се одлична работа: изберете тема, како што се суперхерои или анимирани филмови и гледајте неколку наслови. Можете да правите и проекции на отворено – поставете проектор во дворот за филмска вечер под ѕвездите.

Волонтирање

Помагајќи им на другите, семејството се поврзува додека прави добро за заедницата. Се препорачуваат добротворни прошетки или трчање, како и чистење на соседството.

Семејни традиции

Создавањето традиции помага да се изгради чувство за идентитет и припадност и да се создадат спомени кои ќе се пренесуваат низ генерациите. Со годишни семејни фотографии можете да ги следите промените со текот на годините и да снимате скапоцени моменти. Со празнични ритуали, на пример, печење колачиња за Божиќ или палење свеќи за родендени, создавате посебни моменти и спомени.

Извор



912

X