Наоѓањето забавни игри за деца помали од 6 години знае да биде доста тешко, но со неколку трикови и мали награди – и тоа како може да ја „зачини“ детската забава со креативни игри поради кои денот ќе биде уште подобар.
1. Музички споменици
Децата играат заедно, а кога музиката ќе престане, мора да се замрзнат. И така повторно и повторно. Оние деца што ќе се поместат испаѓаат од игра, а последното дете што ќе остане е победник.
2. Подај го балонот
Децата седат во круг и си го даваат балонот. Кога музиката ќе престане, оној што го држи балонот излегува од кругот и може да го задржи балонот за себе.
3. Потрага по богатство
Скријте мал завиткан подарок за секое дете во дворот или во домот. Кога детето ќе го најде богатството, испаѓа од играта.
4. Пињата
Пињата е дел од мексиканската традиција што децата ја обожаваат низ целиот свет. Може да се скине пињата на затворено, но поради практичност и безбедност, најдобро би било оваа игра да биде на отворено, на пример, во дворот. Децата со стапчиња го удираат балонот кој е во вид на некое животно. Целта е да го скинат за од него да испаѓаат чоколади и бонбони.
5. Потрага по мече
Скријте го мечето, а децата заедно нека го бараат. Кога ќе го најдат, сите можат да го прегрнат, а тој што го најде може да го задржи.
6. Натпревар во правење балони од сапуница
Направете сапуница за дување балони и повикајте ги децата да направат што повеќе балони. Можете да испечатите дипломи за шампони во правење балони и да им ги поделите на сите деца.
7. Танцуваме
Танцувањето секогаш е забавно, а на крајот можете да поделите награди и дипломи за различни категории:
– Најкул танцувач;
– Најинтересен танцувач;
– Најсреќен танцувач;
– Најкреативен танцувач;
8. Опашка за магарето
Оваа игра може да се игра во групи, а идеална е за роденденски прослави и слични собирања. Сликата од магарето кое нема опашка се лепи на ѕид, вие сечите неколку хартиени опашки и на секоја опашка ставате лепило на самиот врв. На децата им се врзуваат очите и тие со врзани очи треба да ја залепат опашката на правилното место. Тој што ќе ја залепи опашката најблиску до правилното место победува.
9. Водич
Децата се редат зад возрасен водич и потоа одат зад него имитирајќи сè што прави тој. Рацете горе, рацете долу, смешно одење, смешно танцување, смешен глас…
10. Модна парада
Соберете стара облека, ткаенина и модни додатоци и повикајте ги децата да изберат посебна комбинација и да одат по модната писта. На сите аплаудирајте им и секое дете сликајте го во неговата луда комбинација.