Образование

За зголемувањето на платите на наставниците – СОНК му даде уште 7 дена на МОН

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ќе му даде уште една недела на Министерството за образование и наука (МОН) пред да одлучи дали ќе ја прифати понудата за зголемување на платите во образовната дејност што ќе ја добие или ќе организира генерален штрајк во основните и во средните училишта. Откако на 1 септември годинава синдикатот организира предупредувачки штрајк во училиштата, го определи септември за месец за преговори со Министерството.

– Од МОН ни побараа плус време за преговори во кои се утврдува процентот на зголемување на платите и времето од кога тоа би се случило. Објаснија дека им треба време за пресметки и консултации со други институции. Одлучивме да дадеме 7 дена – рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од 5 отсто и бараат повисоки плати за 25 проценти.

Инаку министерот за образование и наука Арбер Адеми во петокот рече дека им треба малку време бидејќи сè уште не почнале во Владата да дискутираат за буџетот за идната година.

–  Треба да ги направиме проекциите и заедно да одлучиме за идното зголемување на платите на наставниците – рече Адеми и додаде дека имаат одлична соработка со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и со вработените во образованието.

Според него, септемвриската плата на наставниците годинава споредено со августовската плата во 2018 година е зголемена за 10,8 проценти.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top